Под никакви околности не му дозволувајте на детето да ве удри

Наместо да се обидувате да откриете кој што рекол или направил, двете деца што се вклучени во кавгата треба да бидат одведени во иста соба кадешто ќе ги оставите сами да го решат недоразбирањето.

0
1070

„Таа ме удри прва!“

„Тој почна!“

На повеќето деца не им треба многу за да ги удрат братот или сестрата за време на кавгата и ниту за момент нема поради тоа да се чувствуваат лошо.

Потоа родителите поминуваат прилично време решавајќи кој прв почнал. Но размислете за ова: кавгата е чин на соработка. Не станува збор за тоа кој го задал првиот удар. Тоа значи дека, наместо што се обидувате да откриете кој што рекол или направил, двете деца вклучени во кавгата мора да бидат одведени во иста соба кадешто ќе ги оставите сами да го решат недоразбирањето.

Одлично е што сето ова може да се примени на сите возрасти, и на тригодишници и на 15-годишници. Тригодишниците веројатно не можат да ги решат своите проблеми, но добро би им дошол одмор. Тоа што не се близу до родителите и што знаат дека се тие несреќни поради нивната кавга веќе е само по себе доволно лошо. Знаете ли дека дури и едноминутна издвоеност на тригодишник може да му изгледа како вечност?

Морав да се насмеам (во себе) пред некој ден кога мојата ќерка Криси го прати малиот Конор во соба малку да се издува. Одмаршира таму како мал војник и тивко седеше во својата соба. После таа вечност (цели три минути), Криси го повика: „Конор, подготвен ли си да слезеш?” И тој се јави со тивко гласче: „Да, мамо“.

Кога тоа дете ќе слезе, мора да биде подготвено повторно да му се придружи на семејството. Тоа значи да се однесува кон сестричката со почит, иако не се чувствува така.

Кога две деца ќе се скараат или ќе се степаат на појадок, тргнете ги и двете од масата, оставете ги сами во соба и затворете ја вратата. Тука има и дополнителна казна: кога ќе излезат со решено недоразбирање, појадокот е завршен. Ќе останат гладни до ручек, а грицките ќе им бидат недостапни. Дали неколку часа глад ќе ги убијат? Не, но за ручек ќе изедат повеќе отколку што е вообичаени. Но ќе им пренесете јасна порака дека не ви се допаѓаат расправиите на маса и дека нема да ги трпите.

Под никакви околности не смеете да дозволите детето да ве удри. Еднаш видов како шестогишно девојче ја удри својата бремена мајка во стомак, а мајката рече: „О, само си лута“. Не мислиш ти така!“

Многу родители мислат дека децата, особено малите деца, не знаат што прават кога ќе ги удрат. За тоа би можело да се расправа. Меѓутоа, вистина или не, не смеете да дозволите таквото однесување да продолжи.

Ако вашата единаесетмесечна ќерка ве удри по лице, цврсто спуштете ѝ ги рацете и задржете ги во своите за да не може повторно да ве удри. Проследете ја својата постапка со одлучни зборови: Кажете ѝ нежно: „Немој да ме удираш. Мама не сака да ја удираш“. Покажете ѝ дека удирањето е неприфатливо. И најважно од сѐ, никогаш не возвраќајте.

Ако сакате совршено дете, купете си кукла. Децата не се кукли. Во родителството е најважен односот што го имате – изграден врз љубов, взаемно почитување и соработка.

(Извадок од книгата „Воспитано дете за 5 дена“ од др.Кевин Леман)

[better-ads type='banner' banner='999' ]