Подготвителни курсеви за баби и дедовци

Дедовците и бабите би требало да уживаат во своите должности, но во никој случај не смеат да се однесуваат како да им се тие родители на своите внуци. Важно е немешањето во воспитувањето и да им се дозволи на младите родители самите да одлучуваат

0
229

Пред осум години Детлеф Унтерман (66) станал дедо. Направил посебна соба за внукот – во својата канцеларија, во својата куќа и во својот живот, сакајќи, заедно со сопругата да му бидат на располагање на детето од првиот ден.

Семејниот склад помеѓу дедовците и бабите, нивните деца и внуците не се подразбира, тврди Андреа Хаген-Херпај, советничка во германското здружение на бабици (DHV).

Често младите родители ги гушат очекувањата на бабите и дедовците, а често мораат и да ги одбиваат нивните несакани совети“, вели Хаген-Херпај и додава дека желбата на бабите и дедовците за активно учество во животите на внуците е релативно нова појава.

Денеска луѓето стануваат дедовци и баби со просечно 55 години“, вели Ескарт Хамер, професор по социјална геронтологија на Протестантскиот универзитет за применети науки во германскиот Лудвисбург.

Значи, им преостануваат најмалку 20 квалитетни години за уживање со внуците и за соживот со нив“.

Но мораат да бидат свесни дека притоа, со својата грижа и со мешањето во животот на младите родители, не смеат да претераат, рекла таа.

Бабите и дедовците би требало да размислат за тоа каква помош им е потребна на младите родители, особено во месеците по раѓањето на детето“, вели Хаген-Херпај. А тоа е помош за приготвување на оброците, за купување на потребните намирници, за пење, за шетање на детето со количка за да може младата мајка да се одмори, и слично.

Германското здружение за заштита на децата (DKSB) нуди посебни курсеви наменети за бабите и дедовците за да им се помогне во прилагодувањето на новата улога.

Претседателот на здружението Хајнц Хилгерс вели дека тие „подготвителни курсеви помеѓу Германците се многу барани“.

Неговиот совет за одржување на семејниот склад по раѓањето на внуците е следниот:

Директно прашајте што му е потребно на детето и не го гушете младото семејство со своето постојано присуство“.

Таквиот вид на ненаметлива поддршка Детлеф Унтерман им давал на своите две ќерки, и денеска тој и неговата сопруга редовно и ненаметливо се грижат за своите внуци.

Која е тајната на нивниот успе? „Ги поддржуваме, но не се мешаме во воспитувањето. Нашите гледишта се понекогаш различни, но никогаш не би им противречеле“.

Тоа е правилен став. Дедовците и бабите би требало да уживаат во своите должности, но во никој случај не смеат да се однесуваат како да им се тие родители на своите внуци. Важно е немешањето во воспитувањето и да им се дозволи на младите родители самите да одлучуваат“, смета Хајнц Хилгерс и додава дека треба да се излезе во пресрет само доколку тоа се бара од нив.

Изгледа дека е во тоа и најголемиот проблем. Имено, бабите често продолжуваат со својата мајчинска улога, а дедовците се обидуваат да бидат подобра верзија од себе од своите родителски денови, па со внуците се обидуваат да ги надоместат оние работи кои ги пропуштиле во односот со сопствените деца. Бабите и дедовците најчесто поминуваат повеќе време со внуците отколку што поминувале со своите деца додека тие биле мали, што е многу добро. Тие едноставно имаат многу време и можат да живеат по сосема поинакви правила отколку нивните деца, можат да бидат поопуштени“, вели Хамер.

Неговиот совет за новите баби и дедовци е следниот: „Не ги ставајте своите внуци во центарот на својот живот во подоцнежните години. Ако сте чувствителни, ќе ви биде тешко кога вашите внуци повеќе нема да имаат толку потреба од вас“. Затоа, дружете се со пријателите, не ги запоставувајте своите интереси, прошетките и излегувањата кои ве прават среќни.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]