Поврзаност на синусите и забите

Откако ќе се извади забот се затвара носот на пациентот и му се кажува силно да дува на нос.  Ако синусот е отворен тогаш се слуша шиштење. Но, во некои случаи ако има има мал отвор може да не се слушне ништо, само да се јават меурчиња на местото каде е изваден забот.

0
1853

Синусите се шуплини исполнети со воздух , сместени во коските на  главата и поврзани со носната шуплина.  Постојат фронтални,  етмоидални, сфеноидални и максиларни синуси.  При секое вдишување воздухот прво поминува низ синусите, се загрева и потоа оди во белите дробови.

За нас стоматолозите  од посебна важност е максимарниот синус. Многу често во ординација доаѓаат пациенти што се жалат на болка на горните заби. Болката е јака и се зголемува кога главата се навалува и исправува.  Забите се прегледуваат за да се исклучи кариес , воспаление на пулпата и се прави рентген снимка за целосно да се исклучи дека забот е причина за болката.

Големината и поставеноста на максиларниот синус е од посебна важност кога се вадат заби од горната вилица. Неретко после направен ортопантомограф се гледа дека корењата на горните предкатници и катници се наоѓаат во усната шуплина. Статистички гледано ако некој заб има корен во синусот тогаш на прво место е горната шестка. Откако ќе се извади забот се затвара носот на пациентот и му се кажува силно да дува на нос.  Ако синусот е отворен тогаш се слуша шиштење. Но, во некои случаи ако има има мал отвор може да не се слушне ништо, само да се јават меурчиња на местото каде е изваден забот.

Во многу случаи отварањето на синусот не може да се избегне и тоа не е грешка на стомологот. Грешка е ако не се утврди дека има отворен синус и не се превземат мерки за понатамошни мерки.

Постојат повеќе начини да се затвори отворениот синус , но најсигурно е да се направи синус пластика по хируршки пат, особено кога се работи за поголем отвор. Најдобро е да се направи веднаш или најдоцна после 24 часа, затоа што после тој период се смета дека синусот е веќе инфициран и лекувањето се отежнува.

Многу е важно однесувањето на пациентот после после ваква интервенција. Не треба силно да се дува носот, да не се наведнува нагло, употреба на капки за нос , редовно и правилно одржување на оралната хигиена.

Доколку е навремена интервенцијата и постои правилно придружување кон советите од страна на пациентот, компликациите се ретки и зараснувањето тече без проблеми.

Пишува: Јасмина Трајковска – Пети

[better-ads type='banner' banner='999' ]