Осум особини кои ги наследуваме и не можеме да ги смениме во ниту еден случај

Секој човек барем еднаш во животот слушнал нешто како „Имаш очи како мајка ти, но карактер на татко ти“ или „Ист си како дедо ти“. Од друга страна, ретко ќе слушнете некој да каже „Имам агорафобија, како и мојот прадедо“. Но сега е докажано и пренесувањето на фобиите преку ДНК.

0
764

Од што зависат кои (или чии) особини ќе превагнат во нашиот ДНК синџир и дали можеме да ги менуваме, е прашање кое долго ги машеле генетичарите. Сѐ досега.

ДНК содржи многу повеќе информации отколку што можеме да замислиме. Иако научниците сѐ уште не можат да дадат јасен одговор на прашањето влијае најмногу на карактерот на луѓето – средината, гените или воспитувањето, многу студии покажале декане наследуваме само изглед туку и некои спомени, како што се на пример, фобиите. Покрај фобии, постојат уште некои особини кои ги наследуваме од претците и невозможно е да ги смениме.

Фобии

Пренесувањето на фобии преку ДНК го докажала студијата во која глувците се тренирани да ги избегнуваат сите мириси слични на мирисот на цвет од цреша. Ова влијаело на ДНК на субјектот такашто делот од ДНК одговорен за чувствителноста на овој мирисбил поактивен во сперматозоидите на глувците-татковци. Ккао резултат на тоа, децата и внуците биле многу почувствителни на мирисот од цреша и го избегнувале , иако немале вистинска причина за тоа.

Научниците сметаат дека резултатите на оваа студија се важни за истражување на фобиите, анксиозноста и пострауматското стресно пореметување. Можеби се плашите од пајаци или од височина не е ирационален како што изгледа.

Екстровертност

Некои карактерни особини стекнуваме со гдините, а некои се веќе запишани во нашата ДНК. На пример, гените WSCD2 и PCDH15 се поврзани со екстровертноста. Затоа, можеби причината што сте толку друштвени лежи во вашите опретци, а не во фактот што вашите родители ве запишувале на сите можни воншколски активности. Освен тоа, постои и генетска врска помеѓу екстровертноста, пореметувањето на вниманието и хиперактивноста.

Смисол за хумор

Некои луѓе сметаат дека смисолот за хумор е научена особина која зависи од околината во која некој расте. Но, во текот на студиите е откриено дека луѓето со кратки алели на генот 5-HTTLPR покажуваат позитвни реакции и почесто се смеат. Резултатите на студијата се потврдени и кога се земени предвид годините, полот, етничката припадност  и симптомите на депресија.

Подложност на стрес

Некои луѓе се поподложни на стрес, а оваа особина се премесува од родителуте на децата. Стручњаците тврдат дека ако мајката била изложена на стрес за време на бременоста, нејзиното дете ќе биде поподложно на стрес во животот. Згора на ова, ако родителите биле под стрес долго пред да добијат дете, постои ризик дека хроничниот стрес ги оштетил хромозомите.

Склоност кон зависности

Гените и наследните особини се од 40 до 60 отсто одговорни за развој на зависност. На пример, врската помеѓу зависноста и генот D2 е проучена до детали. D2 е тип на допамински рецептор. Луѓето кај кои овие рецептори не работат добро, се посклони кон земање супстанции кои предизвикуваат зависност.

Способност да се наспијат за неколку часа

Некои луѓе можат да спијат помалку од 5 часа и сепак добро да функционираат. Постои ген наречен Тачеров ген, по премиерката која спиела само по 4 часа во текот на ноќта и одлично се чувствувала. Луѓето со овој ген не само што спијат помалку туку и изведуваат подобри ментални задачи откако поминале 38 часа без сон. Инаку, Тачер не е единствената со оваа супер моќ. Томас Едисон, Никола Тесла и Исак Њутн исто така спиеле помалку од 5 часа.

Склоност кон штедење

Кога станува збор за пари, нашиот однос кон нив во 30 отсто од случаите можат да се објаснат со природните фактори. Некои луѓе се генетски посклони кон штедење, без оглед на висината на приходите, полот и образованието. Ваквите луѓе поретко имаат лоши навики како што е пушењето и се помалку подложни на дијабетес. Ова се случува затоа што се подоследни  во однесувањето и имаат подобра самоконтрола, благодарение на својата ДНК.

Музикалност

Гените играат поголема улога од вежбањето, кога станува збор за музички талент, особено препознавањето на тонови и ритми. Студијата со идентични близнаци покажала дека луѓето кои вежбале помалку имале подобри резултати од оние кои вежбале повеќе. Еден од близнаците вежбал повеќе од братот, но не можел да ги надмине неговите музички способности. Научниците објаснуваат дека некои аспекти на талентот за музика лежат исклучиво во нашите гени и невозможно е да се научат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]