Опасни игри што ги тераат децата во смрт

Мора да ја исполнуваш секоја задача и никој не треба да знае ништо за тоа. Кога ќе ја завршиш задачата, ми испраќаш фотографија. И на крајот од играта, умираш. Дали си спремен?

0
211

Многу пати сме пишувале досега, но со оглед на последиците изгледа дека ништо не е премногу. Имено, социјалните мрежи се почва за разни измами, кражби, а една од најбруталните и најопасните работи се одредени видови на „забава“ што понекогаш може да има и фатален крај.

„Мора да ја исполнуваш секоја задача и никој не треба да знае ништо за тоа. Кога ќе ја завршиш задачата, ми испраќаш фотографија. И на крајот од играта, умираш. Дали си спремен?“ – застрашувачки, опасни и за многу деца и тинејџери, неодоливи пароли кои ги намамуваат на постапки што понекогаш имаат фатален исход.

Овој цитат ѝ припаѓа на некогаш популарната „игра“ Синиот кит, која однесе не толку малку млади животи.

Истрчување пред автомобили во движење

И најновиот тренд на социјалната мрежа „ТикТок“, стаса и на Балканот и може да биде кобен за многу деца. Играта оди вака – автомобилот застанува пред пешачки премин затоа што семафорот му свети црвено. За пешаците е вклучено зелено светло, а неколку малолетници стојат веднаш до преминот за пешаци.

Во моментот кога ќе се запали црвено светло за пешаци, токму кога ќе пожолти, а потоа ќе светне зелено за возачите, едно дете истрчува на пешачкиот, прави неколку склекови и трча. Неговото друштво го снима и гордо го прикачува материјалот на Тик Ток.

Друга варијанта на предизвикот е детето да легне на улица додека автомобилот оди кон него. Кога возачот го гледа детето и почнува да кочи, детето продолжува да лежи – сè додека автомобилот не дојде опасно близу. Тогаш станува и трча. Накратко, тоа е сценариото за ужасниот предизвик што започна во Америка на крајот на минатата година. Неколку деца завршија во Брзата помош бидејќи возачите не успеаја да застанат навреме. Во меѓувреме, овој предизвик се прошири низ целиот свет, а медиумите пренесуваат дека стигнал и до Загреб.

Топол восок

Друг предизвик на оваа платформа, која е популарна кај децата, не е толку екстремен, но може да биде и фатален.

Станува збор за „Топол восок“, при што луѓето ставаат врел восок на лицето како начин на бричење или депилација.

Серијата видеа започнаа од холандска берберница, каде восокот се нанесува на лицето, без да влегува во устата, носот и ушите. Сепак, сè започна да се шири со невидена брзина, такашто подоцна се појавија низа снимки во кои луѓето ја покриваат целата површина на лицето со восок.

Сето ова предизвика остра реакција од светските дерматолози, кои предупредуваат на штетноста на овој потфат. Покрај фактот дека нанесувањето на восокот не е здраво на деликатните делови на кожата, восокот може да се зацврсти и во дишните патишта, а потоа може да се отстрани само хируршки.

Покрај ова, во последниве години, на Интернетот се појавија уште многу вакви „вируси“, кои не ги уништуваат уредите преку кои се пристапува на социјалните мрежи, туку самите корисници.

Момчето случајно се обесило

Во јануари годинава, граѓаните на Србија беа шокирани од информацијата дека деветгодишно момче од Раковица се обесило додека снимало за социјалните мрежи. До денес не е утврдено дали тоа е вистинската причина за оваа трагедија, но тоа се случи во исто време кога светот беше зафатен од нов, фатален предизвик.

Имено, предизвик беше да се направи јамка и да се држи за рака околу вратот, со цел да се сними моментот на несвестица со камера. За жал, се случува јамката да  не се ослободи кога ќе ја изгубат свеста и на крајот да умрат. Само неколку дена пред оваа трагедија од Раковица, беше регистриран идентичен случај со негова врсничка во Италија.

Струен удар

Друг тренд кај децата на училишна возраст беше поставување метална паричка помеѓу приклучокот и полначот. Таканаречениот „предизвик на паричката“ значеше снимање на делот кога полначот за кој беше врзана паричка ќе се вметне во штекерот и ќе предизвика реакција.

Во зависност од случајот, оваа непромислена акција предизвика разни несакани ефекти. Се случи да има материјална штета во форма на дефект во инсталациите, и имаше чести ситуации кога доаѓаше до силен струен удар, кои завршуваа со смрт.

Селфи на смртта

Атрактивните ризични локации се магнет за зависниците од адреналин, кои честопати не размислуваат за ризикот што го преземаат, туку само се трудат да создадат најпопуларно „уметничко дело“.

Статистичките податоци покажуваат дека овој тренд е во пораст и дека социјалните мрежи поведоа во „заведувањето“ на луѓето да се изложуваат на овој начин на Интернет, што може да се претвори од забава во нешто многу ризично.

Син кит убиец

Најстрашната, најекстремната и најопасната работа од овој тип што се појави на Интернет е онлајн играта „Син кит“. Имено, корисниците треба да извршат одредени задачи, кои треба да бидат снимени, но претходно не известуваат никого за тоа, за да „подготват изненадување“.

Играта е придружена со „манипулативен“ карактер, кој истовремено ги охрабрува и ги обврзува сите нејзини учесници да умрат.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]