Оо, вечерва тато чува деца!!! Ауу, и пелена менува?!

Девојчето Сонора Смарт Дод, чија мајка починала, но за среќа, имала прекрасен татко, кој се грижел за неа и нејзините пет браќа, е заслужна за тоа што третата недела во јуни им е посветена на сите татковци. А еве и листа на работи кои треба да престанете да им ги зборувате на татковците.

0
180

Третата недела во јуни им е посветена на сите татковци. За тоа е заслужно девојчето Сонора Смарт Дод, ќерката на еден ветеран од граѓанската војна во Америка која сметала дека исто како Денот на мајките треба да се слави и Ден на татковците.

Со оваа идеја Дод ги започнала активностите за прогласување на 5 јуни роденденот на нејзиниот татко, за Ден на татковците, но ова било одложено за третата недела од јуни.

Денот на татковците за првпат бил прославен на 19 јуни 1910 во градот Спокејн во Вашингтон.

Инаку, Сонора и нејзините пет браќа, чија мајка починала, ги исчувал и се грижел за нив, нивниот татко. Предлогот на Сонора да се посвети еден ден на грижливите татковци бил прифатен во 1910 година. Таа го избрала јуни, бидејќи тоа бил месецот кога се родил нејзиниот татко Хенри Џексон Смарт и на тој начин ја искажала заслужената почит, љубов и благодарност за татко ѝ.

Кога станува збор за препознавањето на татковците и нивната улога во родителството, навистина можеме и подобро. Таткото на три деца и блогер Ник Симард составил листа на работи за кои треба да престанете да им ги зборувате на татковците.

  1. „На (детска) должност си, а?“

Тоа се вика родител. Кога последен пат сте биле на роденденска забава или на некое детско игралиште и сте ѝ кажале на мајка со дете: „На должност си, а?“. Таа е мајка и тоа е она што мајките го прават, а татковците се појавуваат само понекогаш за да може мама да одмори, нели? Не, не е така. Таткото со дете не е „на должност“.

  1. „Ноќеска ти чуваш?”

Чувањето дете е кога внимавате и чувате нечие туѓо дете, за родителите на тоа дете да можат да одат на состанок или можеби дури и да работат. Престојот на родител со сопствените деца, дури и ако станува збор за татко, се нарекува родителство. Кога татковците излегуваат навечер со пријателите – на пиво, гледање натпревар или на што и да е друго што прават група мажи – тогаш тоа е само мајка која останува дома со децата и „ја работи својата работа“. Истото важи и за татковците. Престанете да го нарекувате тоа чување на детето.

3. „Малку мир и одмор за мама?” Зошто претпоставуваме дека мама е примарен старател? Или кога е таткото со децата, дали е тоа само за да можат мајките да се одморат? Дали кога ќе видиме мајки, велиме: „Тато е на годишен одмор?“ Не! Знам дека во повеќето случаи жените преземаат поголем дел од родителската улога, но тоа не значи дека единствената причина што еден татко е со децата е за да може мама да се одмори. Треба да престанеме да размислуваме за татковците кои се таму кога на мајката ѝ треба пауза. Родителството е тимска работа. Понекогаш со децата е мајката, а понекогаш таткото. Барем така треба да биде.

4. „Да се надеваме дека куќата сепак ќе биде на место кога мама ќе дојде дома!” Бидејќи татковците се целосно неспособни и немаат идеја како да спречат нешто да се скрши или детето да не падне. Ако не го прават тоа често, да, може да има малку повеќе хаос кога мајката ќе се врати дома. Возрасните мажи би требало да бидат способни да останат дома со децата и притоа куќата да не се распадне.

5. „Денес татко ти ти ја одбра облеката и те облече“. „Хаха! Детето има различни чорапи или маицата му е облечена наопаку. Глупав тато! Тој не знае подобро”. Дали е вистина дека мојата сопруга рекла дека немам око за мода кога станува збор за избор на облека за нашите деца? Апсолутно. Но, дали е вистина дека секој пат кога детето е „лошо“ облечено за тоа е виновен таткото? Се разбира не. Мајките можат да бидат толку преокупирани со другите работи околу децата, што едноставно не размислуваат за тоа како ги облекле децата. Дали е чисто и уредно? Да, можете да одите. Да престанеме да ги навредуваме татковците велејќи: „О, погледнете го ова кутро дете како го облекол татко му“. Освен тоа, како може да му се потсмевате така на дете затоа што тој коментар очигледно не е комплимент.

6. „Леле, тој менува пелени!” Каква вест: Мажите се во состојба да менуваат пелени без да им падне нивното бебе и да направат насекаде хаос. Мажите не треба да добијат награда или славеничка парада во нивна чест, бидејќи ја смениле пелената. Тоа е дел од родителството, исто како и хранењето, капењето и спиењето. И од кога очекуваме жените да го прават тоа, но не и другите? „Ах, јас никогаш не би ја замолил да го изнесе ѓубрето / да го собере изметот на кучето / да ја убие бубачката. Но, да, изметот на бебето, тоа е работа на мајките, а ако тато помогне, тој е херој“.

7. „Имаш среќа што ти е од корист“. Таа не е среќна. Не треба да биде како жените да победиле во „фантастичната лотарија на тато“ затоа што мажот си ја извршува родителската работа. Не е корисно кога претпоставуваме дека мажот не прави апсолутно ништо и тогаш велиме дека мама е толку среќна што нејзиниот партнер помага околу децата (дури и менува пелени?!). Очекувајте повеќе и сфатете дека има многу татковци кои не очекуваат од мама да ги изврши сите „родителски работи“ додека тие прават скара или го косат тревникот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]