Одложувањето на првото бањање кај новороденчињата-нов тренд

Во речиси сите родилишта ширум светот е обичај бебето да се избања веднаш по раѓањето или откако ќе помине кратко време на мајчините гради. Меѓутоа, помеѓу родилките постои нов тренд – одложување на бањањето. Дали сте спремни за новиот тренд?

0
941

Иако е тоа речиси правило кое се почитува во целиот свет, новопечените мајки почнале да го следат трендот кој е комплетно спротивен на тоа. Имено, тие бараат бебето да не се бања дури ни неколку дена после породувањето. Бројот на мајките кои ја почитуваат оваа практика е сѐ поголем затоа што постои верување дека колку подолго стои на бебето оној слој толку побрзо ќе дојде до поврзување и полесна транзиција со доењето. Некои мајки кои го практикувале овој тренд изјавиле дека бебињата прекрасно мирисале и не биле бањати и до четири дена по породувањето.

Ние не можеме, а да не се запрашаме дали овие мајки знаат нешто што ние не знаеме или станува збор за празни верувања?

Предности на одложувањето на првото бањање

Научниците велат дека постојат дури неколку предности кога станува збор за одложување на првото бањање, но за почеток да ви објасниме што е тоа vernix оној белузлав слој со кој е бебето прекриено после раѓањето. Vernix почнува да се формира на кожата околу 18.недела од бременоста. Неговата функција е да ја хидрира кожата на бебето и да го штити во внатрешноста на матката, но и после самото раѓање. Во матката тој ја хидрира кожата и го олеснува минувањето на бебето низ родилниот канал, а после породувањето ја штити кожата на бебето од влијанието на надворешниот свет.

Некои стручњаци велат дека е тоа слично како кога ќе нанесете премногу хидратантна, масна крема на телото која не се апсорбира па вишокот едноставно ќе го избришете или измиете. Исто така, во прилог на тоа зборува и фактот дека амниотската течност во матката создава совршени услови за животот на бебето и не може да биде толку лошо тој слој да остане на кожата од бебето подолго време после породувањето. Амниотската течност која останува на бебешката кожа го поттикнува произвдството на витамин К.

Треба да се напомене дека одложувањето на првото бањање не е никаква нова пракса, но во последно време повеќето родители сакаат да причекаат најмалку 12 часа пред да го избањаат бебето за првпат. Одложувањето на бањањето главно се прави за да остане бебето што подолго со мајката и за да му се стабилизира телесната температура, а постојат и некои здравствени бенефиции. Лекарите тврдат дека vernix не треба да се мие ниту да се брише затоа што го помага и јакнењето на имунитетот на бебето и ја хидрира неговата кожа. Доволно е само мајката после породувањето нежно да го избрише бебето.

Бањањето на бебето веднаш по породувањето значи и одвојување од мајката што на родилките никако не им годи, особено на оние кои имале прилично напорно и тешко породување.

Колку е предолго време за одложување?

Некои мајки сакаат да почекаат со бањањето 12 часа додека некои чекаат нешто подолго, до 4 дена додека не дојдат дома и не го избањаат самите. Баш како и кај другите аспекти на породувањето и ова треба да се остави на изборот на родителите сами да одлучат дали сакаат да го бањаат бебето веднаш или нешто подоцна. Некои педијатри  дури велат дека не гледаат ниту една причина зошто бебето би требало да се бања веднаш по раѓањето, тие дури и препорачуваат да се почека најмалку шест часа во потоплите краишта и 24 часа во нешто постудените услови пред првото бањање.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]