Одличен трик за авторитет, без покачување на гласот

Дали понекогаш се фаќате себеси како неконтролирано викате обидувајќи се да воспоставите ред? Како да го смените тоа, а децата да ве послушаат.

0
1128

Прво размислете кои се најчестите причини за покачување на тонот. Детето не направило нешто што сте побарале од него: Премногу е бучно и не сака да ве послуша? Но причината за ова е најчесто многу едноставна, не се поврзувате со децата.

Звуци малку патетично, но ако размислите малку подобро, многу ретко имате време да седнете со детето и мирно да му објансите што и како треба да направи, повеќето работи му ги кажувате патем, додега готвите или работите нешто друго и притоа имате на ум уште 10 работи.

Како да престанете да викате?

Приближете му се на детето. Допрете го неовото рамо и со смирен тон кажете му го она што имате да му го кажете. Освен што ќе ве сфати посериозно, нема да имате нервни испади и ќе останете смирени.

Кога детето плаче или вреска, приближете му се.

Кога го игнорира вашето барање, приближете му се

Кога децата ќе почнат да се расправаат, не викајте, туку приближете им се и тивко одговорете им.

Резултат? Можеби нема да запали од прва, но откако неколку дена нема да го покачите тонот ниту еднаш ќе сфатите дека ситуацијата полека се менува. Дека с еменувате и вие и вашето дете. И сето тоа без покачување на тонот!

[better-ads type='banner' banner='999' ]