Одгледуваат дете такашто детето не знае дали е машко или женско?!

Оваа американска двојка му припаѓа на движењето Родно креативно родителство и својот син/ќерка (никој не знае што е, освен најблиските) го одгледуваат не наметнувајќи му никаков родов стереотип.

0
892

Името на детето на оваа двојка од американската држава Јута е неутрално, го облекуваат така, а само најтесното семејство му го знае полот.

Оваа двојка му припаѓа на движењето Родно креативно родителство.

Во денешно време сме далеку од родните стереотипи па навистина веќе релиуси никој не мисли дека девојчињата си играат само со кукли и се облекуваат во розево, ниту пак дека момчињата треба да си играат само со автомобилчиња и да се облекуваат само во сино. Но има родители кои отишле и чекор понатаму во сфаќањето на половите и родовиот идентитет и тоа прилично драстично.

Кил и Брент Мајер, брачна двојка од Јута, одлучиле своите радикални идеи да ги спроведат во дело на сопственото дете па така решиле да го одгледаат без да му наметнуваат било каков родов идентитет и без притисок на стереотипите.

Затоа свесно одлучиле никому, освен на члкеновите на најтесното семејство да не им кажат дали нивното дете кое се вика Зумер или скратено З, е машко или женско.

А како му се обраќаат? Во англискиот глаголот не се сложува во родот со именката, па е тоа помал проблем, но која заменка ја употребуваат ако детето не е ниту тој ниту таа, а не сакаат да посегнат по средниот род и да ја употребат заменката тоа? Родно креативните родители се одлучиле за множина, „тие“.

Во својот блог под наслов „Да се одгледува Зумер“, Кил напишала:

„Полот не ни кажува ништо за личноста на детето, за неговиот темперамент, карактер, најсаканата боја, храна, смисол за хумор, за неговиот став кон климатските промени ниту за било што друго што му е својствено само на тоа дете. Како што фактот дека имаат две раце нбе зборуива ништо за нив освен дека имаат две раце.

Зумер најверојатно ќе си одбере род кога ќе има три или четири години. Ние сметаме дека е тоа едноставно одлука која ние не можеме да ја донесеме во негово име. Ако не објавиме кој пол се и ако кон нив се однесуваме на родно креативен начин, З ќе има слобода да истражува и да создава сопствен идентитет, надвор од границите и очекувањата што ги наметнуваат традиционалните родни норми“.

Брачната двојка Мајер не сака детето да им биде пикнато во кошот на одреден пол туку сакаат да му го препуштат изборот на детето кое само ќе одлучио каде припаѓа.

Психолозиуте и социолозите кои се занимаваат со детскиот развој одамна предупредуваат дека наметнувањето на родови стереотипи може неповолно да влијае на детето и денешните родители главно се откажале од традиционалниот пристап на воспитување кој подразбираше девојчињата да ги учат да бидат послушни, а момчињата да бидат вистински мажи и да нме плачат, па ги одгледуваат децата еднакво без оглед на полот.

Но овие двајца родители сметаат дека тоа не е доволно и дека нивното дете може својата родова припадност да си ја одреди само, еднакво слободно како што му дозволуваат секој ден да одбере што ќе облече за што неговата мајка пишува на Инстаграм:

„Сакате да ја одбирате својата облека. Денеска одбравте црно-сина маица со натпис Secret Life of Pets која ви ја подарија за Божик нашите пријатели од Инстаграм, Braden & Casper, и куси розеви пантолончиња со ѕвезди. Одбравте и едно чорапче со виолетови и едно со розеви линии и чизмички со леопардови шари. Имате стил! МНогу сте смешни и сакате да ги смеете мама и тато. Трчате и скокате и се вртите и се лизгате. Никогаш не ни е здодевно!“

Што мислите за одлуката на овие родители? Дали е родот само друштвена конструкција која се наметнува со воспитувањето или е природено и поврзано со полот? Дали нивното дете ќе порасне збунето или среќно и задоволно?

[better-ads type='banner' banner='999' ]