Овие деца-инфлуенсери заработуваат повеќе за еден ден отколку ние за цел месец

Некои од многуте родители кои сакаат да споделуваат фотографии од своите деца, успеаја да го претворат тоа и во профитабилен бизнис, па нивните деца сега за еден ден заработуваат повеќе отколку повеќето од нас за цел месец

0
270

Родителите сакаат да споделуваат фотографии од своите деца и да се фалат со нив, а некои успеаја да го претворат тоа и во профитабилен бизнис. Нивните деца добија армија од придружници и станаа влијателни, па сега за еден ден заработуваат повеќе од повеќето од нас за еден месец, месеци, па дури и година. Еве некои од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noah Tavares | Nonô (@euamonono)

Ноа Таварес

Момчето познато на Инстаграм како @euamonon се приклучи на социјалната мрежа веднаш по раѓањето. Со повеќе од милион следбеници и просечно 44.700 лајкови по фотографија, со една спонзорирана објава заработува нешто повеќе од 250 илјади денари или околу 4 илјади евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marleigh (@theyeetbaby)

Марли Грант

Ова девојче собира во просек по 15.000 лајкови со еден пост. Марли или @theyeetbaby ја следат 1,1 милион луѓе, а цената на спонзорирана објава на нејзиниот профил е околу 250 илјади денари или околу 4 илјади евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HALSTON BLAKE FISHER (@halston.blake)

Халстон Блејк Фишер

Двегодишното слатко девојче има над 613 илјади следбеници и заработува докај 164 илјади денари или околу 2.600 евра со една објава. Во просек, нејзините објави имаат 50,4 илјади лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Hazel (@drewhazeleast)

Дру Хејзел

Ова мало девојче е познато по прекрасната насмевка благодарение на која почна да заработува. Една објава на нејзиниот профил се проценува на нешто повеќе од 130.000 денари или нешто повеќе од 2.100 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Flávia Louise (@flavinhalouise)

Флавија Луиз

Флавија е најслабо платениот мал инфлуенсер на нашата листа. Таа заработува околу 61.000 денари или околу илјада евра преку спонзорирана објава, што е сепак многу повеќе отколку што многумина успеваат да заработат за еден месец на работа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]