Оваа мајка ги претворила цртежите на својата ќерка во неодоливи гобленчиња

Сликата можеби вреди илјада зборови, но везот на Инес Тан според уметничките дела на нејзиното мало девојче вреди многу повеќе.

0
302

„Секогаш ја сакав рачната работа“, вели оваа мајка на две деца, која претходно работела како моден трговец. Цртала на текстил и правела отпечатоци, а за време на бременоста со нејзиниот син, Тајлер, почнала да експериментира и со везови.

Во потрага по повеќе начини да ја презентира својата самоука техника, таа добила идеја да се здружи со нејзината петгодишна ќеркичка, трансформирајќи ги нејзините цртежи во везени уметнички дела.

inez tan embroidery

За време на семејното патување во Дизниленд во Токио, направиле голема серија од семејни спомени, а кога станува збор за приказни, нејзината ќеркичка Мија има многу.

„Таа е толку многу со своето блокче за цртање, што станува се потешко да се избере кои од нејзините цртежи се нашите омилени!”

inez embroidered drawings

Настрана од серијата Дизниленд, Тан вели дека една од нивните омилени е „Дино кафе“, инспирирана од измислените пријателства на малата Мија помеѓу луѓето и диносаурусите кои се дружат во кафулиња.

[better-ads type='banner' banner='999' ]