Оваа исхрана драстично ги зголемува шансите за успешно оплодување

За 65 до 68 отсто поголеми шанси за успешна бременост.

0
1181

Жените чија исхрана е богата со свежо овошје и зеленчук, риба и маслиново масло имаат поголеми изгледи за успешно потпомогнато оплодување, велат научниците.

После истражувањето во кое учествувале 244 жени во клиника за потпомогнато оплодување во Атина покажало дека шансите за успешно забременување биле поголеми кај оние кои шест месеци пред постапката за вонтелесно оплодивање (IVF) ја следеле т.н. „медитеранска исхрана“.

Жените кои ги следеле насоките за медитерански начин на исхрана „имале 65 до 68 отсто поголеми шанси за успешна бременост од оние кои не ја следеле“, објавиле научниците. Имале и 35 отсто поголеми изгледи дека ќе донесат на свет здраво бебе.

Долго е познато дека медитеранската исхрана која е популарна во Грција, Италија и Шпанија, се одлични за здравјето.

Во неа има малку црвено месо, а многу овошје, зеленчук, мешунки, роба, непреработени житарки и маслиново масло.

„Жените кои се обидуваат да зачнат би требало да се поттикнуваат на здрава исхрана, на пример, медитеранска. Тоа е важната порака од нашето истражување“, рекол коавторот на студијата, професорот Никос Јанакурис од атинскиот универзитет.

Научниците напоменуваат дека резултатите од истражувањето важат за сите жени кои сакаат да забременат затоа што во студијата била вклучена специфична група на инаку здрави жени во постапката на вонтелесно оплодување.

Но нагласуваат дека е тоа уште еден доказ колку е корисна здравата исхрана.

„Има сѐ повеќе докази дека исхраната и начинот на живот влијаат и на природното и на вештачкото оплодување“, рекол надворешниот соработник на истражувањето Адам Бален од Центарот за репродуктивна медицина во Лидс.

[better-ads type='banner' banner='999' ]