Нов бизарен тренд: На породување со пудра и вештачки трепки

Многу мајки нанесуваат по неколку слоеви пудра, вештачки трепки и комплетна шминка за да бидат убави кога ќе го донесат на свет своето бебе, но и да бидат подготвени за првата заедничка фотографија која потоа ја ставаат на Фејсбук или Инстаграм.

0
3194

Некои мајки покажале дека е точно она дека „ако не е објавено на социјалните мрежи, како и да не се случило“, а отишле и чекор понатаму, па комплетно нашминкани ги поднесуваат породилните болки.

Тие мајки нанесуваат слоеви шминка за да бидат убави кога ќе го донесат на свет своето бебе, но и да бидат подготвени за првата заедничка фотографија која потоа ја ставаат на Фејсбук или Инстаграм. Дека е тоа така потврдуваат и статистиките кои велат дека дури 68 отсто од родилките во Велика Британија, се шминкаат веднаш по породувањето.

Некои се средуваат и пред да почнат да се породуваат.

Истото истражување покажало дека мајките кои имаат од 18 до 31 година пред да дојдат во болница одат на „бјути“ третмани. На депилација, кварцање, надградба на трепките или барем на фризер.

Изгледа дека за овој тренд се виновни (или заслужни) инфлуенсерките од Инстаграм кои на своите профили поставуваат фотографии на кои се дотеруваат за дочекот на своите новороденчиња.

Уметницата, шминкерка Алаха Карими своето прво бебе во 2016.на Инстаграм го најавила свето прво бебе со фотографија на која за породувањето се подготвува нанесувајќи неколку слоеви пудра. А тоа, како што вели, ѝ ги олеснило болките на породувањето.

И не е единствена. Мајката и шминкерка Теган Водфорд објавила на Инстаграм фотографија од жената на брат ѝ на која ја дотерува додека оваа има породилни болки.

Фотографиите се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]