Нови училишни силеџии не се учениците, туку родителите

Дури 83 отсто од нив, во испитувањето изјавиле дека ја разгледувале промената на професијата поради малтретирањето кое го доживуваат од страна на учениците и нивните родители.

0
269

Бесни објави на Фејсбук, агресивни мејлови, протести во училиштето, насилно однесување: злоупотребувањето на училишниот персонал од страна на родителите станува сѐ повообичаено и може да има разорни последици.

Според резултатите на истражувањето спроведено во Австралија, секој трет директор на училиште доживеал закани од страна на родителите, а од 560 анкетирани наставници, две третини неодамна биле малтретирани од страна на родителите.

Родителите насилници се почести во основните училишта, а најчести жртви им се младите наставнички. Викањето е најчест облик на малтретирање, внесување во лице пријавиле 8.8% од нив, додека во 1 отсто случаи дошло до физички напад.

Помеѓу причините за напад на наставниците се наведуваат некои крајно банални – тоа што наставникот не закачил недовршена ученичка работа на пано во училницата, или тоа што детето не добило улога во училишната претстава. Најчестите обвинувања се оние кои го доведуваат во прашање начинот на кои се децата дисциплинирани и начинот на оценување, како и безбедносните мерки во училиште.

Училиштата повеќе се занимаваат со решавање на проблемите со родителите отколку со образованието на децата, а наставниците сѐ повеќе страдаат од анксиозност, депресија, напади на паника и посттрауматски синдром.

Дури 83% од нив во испитувањето изјавиле дека размислувале за промена на професијата поради малтретирањето кое го доживуваат од страна на учениците и нивните родители.

Една од причините за проблемите во училиштата е губењето на довербата во институциите, сметаат стручњаците. Политичарите, банките, црквата – сите оние институции кои го држеле општеството заедно, станале дискредитирани и луѓето повеќе не им веруваат. Односот помеѓу училиштето и семејството е уништен.

Начинот на кој комуницираме се сменил, помалку сме подготвени да ги сослушаме другите и повеќе сме фокусирани на себе. Очигледно на нашето однесување влијаеле политичарите и ријалити ѕвездите, забележува еден од наставниците, интервјуиран за текст објавен во австралиското списание The Age.

На секој пристоен родител, доаѓаат двајца кои не се, забележува Сузан Меклин, стручњак за сајбербезбедност која предупредува дека малтретирањето на наставниците и училиштата преку мејл е во пораст.

Една од главните причини за насилничкото однесување на родителите е идејата дека детет треба да е секогаш среќно и задоволно. Родителите не сакаат нивното дете да доживее било што што му е непријатно, и штом тоа ќе се случи, стапуваат во акција. Ако наставникот не е во можност да ги прими во истиот момент, буквално го окупираат училиштето такашто ќе понесат храна и пиење и седат пред училницата или пред канцеларијата на директорот додека не бидат примени.

Еден директор на училиште во Мелбурн неодамна им напишал писмо на роидтелите во кое навел: „Сѐ повеќе забележувам дека подигаме генерација на најчувствителни деца кои некогаш постоеле. Родителите не дозволуваат нивните деца да искусат било каков предизвик, неуспех, било каква непријатност и казна или да преземат одговорност за своето однесување.

Родители, пуштете не да си ја работиме својата работа, вака само ќе им наштетите на своите деца“!

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]