Никогаш не правете наместо детето и постарите нешто што можат да направат сами

Наместо да прават сè за и наместо своите деца, родителите реба да престанат да прават наместо нив што е можно повеќе работи, што е можно поскоро. Истиот принцип се применува и во домовите за стари, а исто е и во деловниот свет - ако сте добар менаџер, ќе направите да немаат потреба од вас; ќе им дадете на другите автономија да си ја вршат својата работа, нема да работите наместо нив.

0
212

„Не правете го за детето она што може да го направи само! Ако работите наместо него – не ви е грижа за вашето дете “.

Постои едно правило што се обидов да го следам кога моите деца беа мали, а тоа е: Не го правете за детето она што може да го направи само.

Тоа правило е прилично заморно, затоа што ни требаат 15 секунди да облечеме двегодишник, но ако дозволите тој самиот да се облече – тоа ќе се оддолжи на 15 минути, или половина час, бркање низ куќата – хаос!

Но, ако дозволите да научат да се облекуваат, нема да мора повеќе да ги облекувате. Тие учат да го прават тоа сами!

Истото го правите и со поставувањето на масата, со сè што проценувате дека децата можат да го сторат сами.

Кога родителот размислува: „Јас го сакам моето дете толку многу што нема да му дозволам да страда и ќе направам сè за него“, таков родител не се грижи за своето дете. Подобро е да се прифати ставот: „Јас ќе престанам да правам наместо тебе што е можно повеќе работи, што е можно поскоро“.

Истиот принцип се применува и во домовите за стари – не правете ништо за постарите лица што не можат сами да го направат, затоа што со тоа им го ускратувате чувството на независност, сила, смисол.

Исто е и во деловниот свет – ако сте добар менаџер, ќе направите да немаат потреба од вас; ќе им дадете на другите автономија да си ја вршат својата работа, нема да работите наместо нив.

Ако мислите дека ги заштитувате децата со тоа што ќе преземете сè на себе, знајте дека не можеме да заштитиме никого – можеме само да ги зајакнеме луѓето. И тоа е тоа.

Вие не можете да ги заштитите, направете ги силни и тогаш тие ќе се грижат за себе. Но, тогаш вие не сте им потребни!

Така е, и тоа е потсвесен патолошки елемент на некои родители.

Тие како да порачуваат: „Никогаш не оставајте ме! Јас ќе направам сè за вас, а вие едноставно никогаш не ме оставајте“.

Затоа што тогаш детето не учи ништо за животот – па дури ни како да си замине од родителското гнездо.

За бебињата треба да се грижиме сто проценти; тоа е она што го прави мајката.

Но, децата и возрасните не се бебиња; кога се однесувате кон нив така, ги уништувате“.

Д-р Џордан Б. Петерсон, клинички психолог, професор по психологија на Универзитетот во Торонто

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]