Не толерирајте брецкање

Времињата се менуват, па она што денешните родители ниту во најлудите соништа не смееле да го направат пред нивните родители, на многу деца им поминува и без опомена.

0
433

Многу од денешните деца имаат коментар и гест на секое родителско барање, превртуваат со очите на сѐ што ќе им се каже да направат, а тензијата само расте. За да не дојде до точка на вриење и експлозија, со постојано толерирање на детските „бубачки“, еднаш засекогаш објаснете им што не може да се толерира.

Зачувајте ја смиреноста

Кога детето ќе ви упати несоодветен коментар на вашата критика или ќе го покачи тонот во текот на разговорот, чувајте ги нервите и не реагирајте бурно затоа што така ќе го загрозите вашиот меѓусебен однос.

Ниту попустливоста и игнорирањето на неприфатливото однесување не доаѓаат предвид, затоа што детето нема да знае каде се границите. Доколку сте пак премногу строги и ригидни, детето може да го сфати тоа како забрана за изнесување на сопствените ставови и мислење и да ја прекине комуникацијата со намера и натаму да си тера по свое.

Викањето и заканите можат само да ја влошат ситуацијата, па најдобро е да го одложите разговорот на неколку минути за да се смирите и вие и детето. За да не ја изгубите контролата, напуштете ја просторијата на неколку минути па вратете се и со одмерен глас соопштете им дека нема да толерирате такво однесување. Доколку сте во друштво, надвор од дома, избегнувајте тешки зборови и казни пред другите.

Откријте го коренот на проблемите

Доколку детето одговара на сѐ што вие ќе кажете, откријте дали е тоа реакција на вашите зборови или е последица од нешто што го мачи, а нема врска со вас. Можно е детето да се однесува безобразно затоа што не смее да им се спротивстави на врсниците кои го навредуваат, па ве доживува како сигурна мета кон која може да ги усмери сите свои негативни емоции.

Затоа е подобро прво да го смирите детето, а потоа да го наведете да се отвори и да сподели со вас што го мачи вистински. Секако, на крај објаснете му дека никогаш не смее да го усмерува својот бес кон некој кој не е принина за проблемот, туку дека треба да работи на неговото решение.

Поставете јасни граници

Децата често прифаќаат несоодветни реакции од својата околина кои не им годат ниту ним, па ги пренесуваат понатаму, не сфаќајќи дека се груби и дека некого повредуваат. Затоа експлицитно објаснете им што е дозволено, а што никако не смее да се изговара. Објаснете им дека нервозата, лутината, фрустрацијата и слично, не смеат да ги усмеруваат кон други, дека не смеат да бидат груби и дека нема да ги толерираат пцовките, навредите и викањето.

Казнувајте ги кога ќе заслужат

Кога еднаш ќе му објасните на детето какво однесување и какви зборови се неприфатливи, запознајте го со споследиците кои може да ги има ако не го почитува договорот со вас и јасно одредете ја казната – забрана за гледање филмови и серии, забрана за излегување, одење на спиење пред вообичаеното време… Сите казни треба да имаат јасна и разумна временска одредница, затоа што во спротивно нема да можете да ги спроведете. Впрочем, и сами знаете дека не би имало смисол да кажете: „Нема повеќе ТВ за тебе. Никогаш! Или „Никогаш повеќе нема да го добиеш мобилониот телефон“!

Водете сметка за своите постапки

Обрнете внимание како им се обраќате на домашните кога сте нервозни или кога нешто не ви е по волја, затоа што ако детето го види тоа од вас, и самото ќе вика и ќ превртува со очите и ќе биде непријатно кон сите. Децата ги преземаат моделите на однесување од својата околина, ги доживуваат не само како дозволени, туку и како пожелни, а тоа сигурно нема да ви се допадне. Затоа, бидете добар пример.

Снимете го неговиот глас кога е бесно

Кога детето ќе почне да ви одговара, да се расправа со вас и да го крева тонот, снимете го со мобилен, па пуштете му потоа да слушне сѐ што изговорил. Психолозите сметаат дека тоа подоцна, кога ќе се смири, ќе му помогне да сфати како делува тоа кога се гледа од страна. Ни вам нема да ви штети да ги преслушате кавгите затоа што можеби помеѓу неприфатливите реченици кои ги изговара детето ќе најдете некои што ги „собрал“ од вас.

Пофалете го секој позитивен исчекор

Пофалете го секој позитивен исчекор затоа што само така детето ќе сфато дека го воочувате и го цените неговиот труд и напорот да го поправи однесувањето. Благодарение на тоа, со време ќе научи на примерен начин да ги изнесува своите ставови и мислењето, но и дека некои работи мора да ги извршува без поговор и без спротивставување.

[better-ads type='banner' banner='999' ]