Не си го знаат името, а веќе се интернет зависници

Според стручњаците, зависноста на децата од паметните уреди е слична како онаа од хероинот. Ако родителот се обиде да му го земе на детето паметниот уред, тоа паѓа во криза идентична на онаа која ја имаат наркоманите, проследена дури и со болки во телото

0
374

Новата појава која ги парализира луѓето ширум светот и прави од нив зависници полоши и од наркоманите, е зависноста од интернет. Присуството на оваа современа и подмолна болест драстично се зголемило последните години и се проширило низ светот, дури и кај децата кои немаат ни полни две години.

Се почесто е случај малите деца да не знаат да кажат ниту како се викаат, колку години имаат или како им се викаат родителите, но затоа знаат совршено да ракуваат со паметните телефони, сами да ги отклучуваат и заклучуваат, да одат на јутјуб и да пуштаат анимирани клипови. Така, во состојба се со часови да го држат екранот во раце и целосно да се изгубат во времето и просторот.

Кога оваа појава прераснува во секојдневна, се создава неконтролирана потреба телефонот, таблетот или компјутерот да бидат секогаш тука, а доколку родителот се обиде да му стави крај на ова и да му го одземе телефонот на детето, тоа паѓа во криза идентична на онаа  која ја имаат наркоманите – вреска, плаче, лелека, се тресе, се поти, се гуши или паѓа во целосна хистерија проследена дури и со болки во телото. Истиот момент кога ќе ја добие својата „доза“ интернет, се смирува и си доаѓа на себе.

На 18.јуни оваа година Светската здравствена организација и официјално ја ставила зависноста од видео-игрите на листата на болести.

СЗО дал рок до 2022 година дијагностицирањето на оваа болест да заживее, а подоцна евентуално, ќе се прошири затоа што видео-игрите не се единственото  зло кое го носи интернетот. Постои зависност од социјалните мрежи, четување преку интернет, коцкање преку интернет, порнографија.

Уште поголем проблем е тоа што опседнатоста со интернетот и со паметните уреди се јавува во најраното детство, а кризите се застрашувачки.

Апстиненцијалните синдроми кај малите деца, според стручњаците, се фрапантни и можат да се споредат со кризата за хероин.

Родителите несвесно ја потпомагаат оваа појава затоа што им купуваат на децата најнови игри и модели на телефони, наместо да поминуваат повеќе време со децата во природа.

Кога ќе сфатат дека детето не може да се контролира, почнуваат кавги и убедувања. Детето манипулира и се обидува да игра што повеќе, а понекогаш свесно ги лаже родителите. Не постои волшебно стапче или лек што ќе помогне. Прво, најосновна е едукацијата на родителите. Второ, со детето треба да постои договор и да нема попуштање кога детето ќе каже: „Може ли да играм денеска 20 минути подолго, а утре ќе играм 20 минути пократко?“.

Покрај зависност, масовното користење на интернетот создава и други деформитети.

Стручњаците советуваат децата да се усмеруваат од најрана возраст, да се разговара со нив, активно да си играат, да им се дадат задачи, да им се понудат повеќе содржини, а што е можно повеќе да се заобиколат вакви пасивни забави со паметните уреди. Исто така, и самите родители треба да бидат што е можно помалку преокупиреани со модерната техника и со интернетот, па децата ќе учат од нивниот пример.

Доколку се поминуваат 6 часа дневно на интернет, компјутер, телефон или таблет, ова може да се смета за зависност од интернет.

Кога зависникот од интернет е во криза, може да ги има следните симптоми:

– бес, мрзоволие, агресивност
– молчеливост, повлекување во себе
– плачење, карање, викање

– забрзано чукање на срцето, црвенило во лицето, тремор, потење
– хистерија, напад на паника, напад на бес, удирање на предметите наоколу (за зависност од возраста и типот на личност на зависникот).

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]