Не им зборувајте на вашите деца дека треба да се „обидат“

Веројатно повеќето од нас се сеќаваат како нашите родители инсистираа на тоа „да се обидеме и да дадеме сѐ од себе“. Па сепак, во зборот „обидување“ е вградена програма за неуспех

0
297

Станува збор за т.н. Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП), методологија која го проучува начинот на кој луѓето постигнуваат исклучителни резултати и успех во било која област и ги подучува другите луѓе на вештини, техники и обрасци на однесување кои ги применуваат најуспешните.

Колку пати на ден ги уверуваме другите луѓе дека ќе се „обидеме“ да направиме нешто? Зошто воопшто го употребуваме зборот „Обидување“?

Затоа што во длабочината на душата дека, всушност, веројатно нема да имаме време ниту склоност да го направиме тоа.

Можеби сметаме дека не располагаме со таа вештина? Сакаме вистински да се оградиме, зарем не? Не сакаме да дадваме ветување кое можеби нема да бидеме во состојба да го исполниме, а во исто време не сакаме да ги разочараме луѓето.

Исто така, не сакаме да кажеме „не“, веројатно затоа што не сакаме да оставиме впечаток дека се конфронтираме или провоцираме натамошна дискусија за која немаме време или едноставно не сакаме да се впуштаме во неа. Така почнуваме да се „обидуваме“ и да ја направиме таа работа, знаејќи дека тоа не мораме да го направиме, туку само се „обидуваме“.

Како изгледа тоа „обидување“ да се направи нешто? Значи, тоа изгледа како некој да го прифаќа фактот дека не може да го направи тоа и дека тоа нема да го направи набрзо откако ќе ја изговори таа фраза дека ќе се „обиде“.

Тоа значи, кога ќе ги замолиме децата нешто да се „обидат“, ние очекуваме иста реакција, зарем не?

Веројатно повеќето од нас се сеќаваат како нашите родители инсистираа на тоа „да се обидеме и да дадеме сѐ од себе“. Па сепак, во зборот „обидување“ е вградена програма за неуспех

Обрнете внимание на тоа кога го користите овој збор и преформулирајте ја својата реченица без зборот „обидување“, за деццата да бидат помотивирани.

Зборот „обидување“ априори претпоставува дека тоа ќе им биде тешко и дека од нив се очекува да се откажат од вежбата побргу отколку кога вашите очекувања би биле дека е тоа нешто што можат да го направат.

Замислете пред вас да има две кутии и да ве замолам да ја кренете едната. Лесно ќе ја кренете затоа што претпоставувате дека е веројатно лесна.

Сега ќе ве змаолам да се „обидете“ да ја кренете другата кутија. Истиот момент, вие очекувате дека може да ви биде тешко да ја кренете. Ако во тој момент реков, „обидете се со цела сила“ или „само обидете се“, јас би ја нагласил тешкотијата и вие веројатно би гледале во таа кутија прашувајќи се колку е тешка и размислувајќи дури да побарате помош.

Кутиите се всушност исто тешки. Единствената разлика е во нашите очекувања колку е тешка другата кутија.

Понекогаш би можеле да ги замолите своите деца да направат нешто што го сметате навистина тешко. Меѓутоа, ним тоа не мора да им биде толку тешко колку што вие очекувате. Изразете го тој предлог како нешто што тие можат да го направат, а не како нешто што не можат.

Во зборот „обидување“ е вградена програма за неуспех. Само „направете“!

Извадок од книгата „НЛП за родители“, од Џуди Бартковијак

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]