Не ги спречувајте децата да се вртат во круг, да се качуваат на дрвја, да ги бакнуваат домашните миленици

Во желба да ги зачуваат од модринки и повреди, родителите прават многу сериозна грешка

0
2203

„Не се врти во круг, ќе ти биде лошо! Слези од дрвото, ќе паднеш! Излези од песокот, види колку си валкан, ќе навлечеш некоја болест!“

Ова се честите родителски заповеди, кои децата, сакале-не сакале, мора да ги послушаат.

Но истражувањата покажуваат дека во желба да ги зачуваат од модринки и повреди, родителите прават многу сериозна грешка.

Според стручњаците, мозокот се развива интензивно после раѓањето и ги формира своите главните патишта до петата, и уште малку до седмата и до дванаесетата година. Во тој период е важно на детето да му се овозможи природно опкружување во какво што се развивал мозокот во текот на еволуцијата. Доколку на детето му скусиме некои од тие активности, ја намалуваме активноста на одделни регии од кората на големиот мозок, кои создаваат помал број врски (синапси) со другите регии. A докажано е дека интелектуалните способности зависат од тоа како синапсите поврзале различни регии од мозокот“.

Токму една од таквите активности е вртењето на децата, кое родителите често го спречуваат.

Стручњаците велат дека токму со ротацијата се активираат многу различни регии од мозокот и се создаваат нови синапси во мозокот. Децата често инстинктивно прават некои активности и движења за да го стимулираат својот мозок.

Првата карика во „синџирот на интелигенцијата“ се родителите – на нив е да им дозволат на децата да ги создаваат невронските врски инстинктивно, такашто нема да ги спречуваат да се вртат, да скокаат, да се качуваат и да ги играат оние традиционални детски игри кои се вистински мотор за развој на мозокот и интелигенцијата.

Парадоксално, тоа е баш она што денешните родители се обидуваат да го исфрлат од детството на своите деца, како последица од трендот на претерана заштита и страв од повреди. „Не се врти во круг, ќе ти биде лошо! Слези од дрвото, ќе паднеш! Излези од песокот, види колку си валкан, ќе навлечеш некоја болест!“

Со овие предупредувања возрасните како да ги набројуваат токму оние активности кои најмногу го стимулираат менталниот развој на децата. А паниката заради секоја модринка и гребнатинка се претвара и во барања до воспитачките и наставниците подобро да ги „чуваат“ децата, а сето ова на крајот се сведува на ограничување или дури и на укинување на физичките активности.

Родителите треба да научат повеќе за добрите и корисни активности, а исто така мора да научат и што е штетно. Еден од првите примери се еднобојните детски соби, за девојчињата розе, за момчињата сини. Со тоа на детето му ја ускратуваат првата и многу важна стимулација, а тоа е приемот на контрастни слики.

Многу родители не знаат дека со играњето со земја и со песок детето стапува во контакт со антиалергените, благодарение на кои создава отпорност кон алергиите.

Паролата „чистотата е пола здравје“ во пораната возраст всушност треба да звучи „нечистотијата е половина здравје“.

Искуствата покажуваат и дека имунитетот на бебињата се засилува ако цуцлата која им паднала на подот само им ја вратат во уста, без да ја измијат. Исто така, родителите кои премногу го стерилизираат својот дом заради децата, ќе даваат повеќе пари за лекови против алергии. Не треба на децата ако се извалкаат, веднаш да им се бришат рацете со антисептички марамчиња, освен, се разбира, доколку не владее некој вирус.

Освен ова, стручњаците советуваат и нешто уште подрастично – да им дозволат на децата да ги бакнуваат со кученца. Имено, плунката на кучињата е полна со егзоантигени кои помагаат во развојот на детскиот имунитет. Кога кучето ќе го излиже детето, тоа всушност му ги пренесува тие тела кои го јакнат имунитетот. Во тој смисол кучето е најдобро, подобро од било кое друго животно. Дури и ако имате мачка, би било добро покрај неа да имате и куче, советуваат докторите.

Истражувањата покажале дека бебињата кои живеат во куќа со куче, се поздрави од оние кои немаат домашен миленик.

Ако го чувате дететпо под стаклено ѕвоно, постојано внимавајќи да не се извалка, тоа ќе биде чувствително и подложно на алергии. Особено чувствително ќе биде ако премногу пазите на него од раѓањето до третата година од животот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]