Неколку јапонски родителски мудрости за воспитувањето деца

Јапонските деца се меѓу најздравите и најсреќните деца во светот, се вели во студијата објавена во научното списание The Lancet. Иако јапонскиот стил на родителство е различен од нашиот, сепак можеме да ги „украдеме“ овие трикови

0
224

Јапонските деца се едни од најздравите и најсреќните деца во светот, покажа студијата објавена во научното списание The Lancet. Резултатите од студијата исто така открија дека јапонските деца имаат најдолг животен век.

И додека јапонскиот стил на родителство е малку поинаков од нашиот, постојат неколку општи трикови што дефинитивно не е лошо да ги испробате доколку веќе не ги практикувате.

1. Пофалба за напорот, а не за способноста
Во Јапонија, детето секогаш е пофалено за напорната работа, а не за способноста. Таквиот начин на охрабрување и пофалба важи дури и кога детето има проблеми со нешто бидејќи родителите веруваат дека детето тогаш ќе се потруди уште повеќе.

2. Почитување на прво место
Малку е веројатно дека ќе видите јапонско дете како има изливи на гнев среде продавница. Јапонските родители ги учат децата од рана возраст да бидат полни со почит кон постарите и да размислуваат како нивното однесување влијае врз другите.

3. Ако не е далеку, оди пеш
Во Јапонија, најнормално е да се видат мали ученици како одат на училиште сами. Според Светската здравствена организација, повеќе од 98 проценти од децата пешачат до училиште. Во Јапонија, ова правило генерално важи, така што јапонските родители ги учат своите малечки од почеток како можат да стигнат до повеќето места користејќи ги своите нозе. Ако не е далеку – пешачете!

4. Без викање
Во Јапонија, зборот за дисциплина е „шитсуке“. Овој збор може грубо да се преведе како „воспитание“. Наместо да викате, во јапонската дисциплина на децата, секогаш важи правилото да се размислува за последиците од она што детето го направило.

5. Независност од почеток
Од рана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат независни и самоуверени. Затоа јапонските деца им помагаат на родителите во домашните работи од почеток и продолжуваат со такви навики во градинка и училиште. Дали и на нашите деца им е потребна оваа јапонска лекција?

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]