Некои деца почнуваат да ги покажуваат знаците на аутизам дури на возраст од 5 години

Склони сме да сметаме дека ако аутизмот не е дијагностициран до 4.година или веднаш после 2.година и првите проценки, дека воопшто го нема. Но се покажало дека тоа не мора да биде така и дека детето треба константно да се набљудува и да се биде свесен па по потреба да се повтори проценката и околу 5.година.

0
1536

Во овој момент во дел од глобалната академска заедница се спроведуваат низа истражувања и студии за причините, дијагностицирањето и најделотворните третмани на пореметувањата од аутистичниот спектар. Една од новите студии покажува дека некои деца првите симптоми и знаци на аутизам почнуваат да ги покажуваат дури околу петата година.

Кај таа група на деца некои благи симптоми можат да се појават веќе на возраст од три години, но сѐ уште поминуваат недијагностицирано затоа што не се поклопуваат со повеќето критериуми за дефинитвна дијагноза според стандардизираните тестови.

Со други зборови, не е секое пореметување од спектарот на аутизмот исто, па ниту симптомите нема кај сите деца да се појават околу втората година од животот како што се мислело досега. Типична возраст за првите испитувања и проценки е 24 месеци или две години, а дијагноза најчесто се поставува до 4 година.

„Постојат деца кои одат на проценка, понекогаш и неколку пати во рана возраст, но дијагнозата ја добиваат дури подоцна. Ова истражување ги објаснува таквите ситуации“, вели водителката на истражувањето Сели Озноф, професорка по психијатрија и бихејвиорални науки од Универзитетот во Калифорнија.

Склони сме да сметаме дека ако аутизмот не е дијагностициран до 4.година или веднаш после 2.година и првите проценки, дека воопшто го нема. Но се покажало дека тоа не мора да биде така и дека детето треба константно да се набљудува и да се биде свесен па по потреба да се повтори проценката и околу 5.година. Тоа е исклучително важно затоа што на децата со пореметување од спектарот на аутизмот им е потребна што поскора интервенција и помош како би можеле да се подготват за што посамостоен живот, образование и функционирање.

Д-р. Озаноф признава дека сѐ уште станува збор за мал процент на деца на кои дијагнозата им се воспоставува после 5.година, но сепак била изненадена дека воопшто ги има.
Сепак, потребни се уште истражувања за да може овие резултати да се пресликаат на општата популација.

Засега е доволно да се извлече поука во која родителите треба константно да го следат однесувањето на детето, дури и ако тоа со две години не добило дијагноза на пореметување од спектарот на аутизмот, по потреба тестирањето да се повтори и подоцна.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]