Неверојатни рекорди: Новороденче од 10 кг, мајка на 69 деца,…

Според Гинисовата книга на рекорди, најтешкото новороденче на светот кое го преживеало раѓањето имало 10,2 килограми! А тука и уште многу други неверојатни факти

0
213

Раѓањето на дете е неверојатно искуство за родителите. Сепак, доаѓањето на бебе од 3,5 кг – во споредба со некои навистина големи бебиња (10 кг?!) – изгледа како лесна прошетка.

Ви донесуваме неколку навистина зачудувачки рекорди поврзани со раѓањето деца. Доколку не се уредно документирани, ќе беше многу тешко да поверуваме во нив.

Најголемото новороденче на светот

Според Гинисовата книга на рекорди, најтешкото новороденче на светот кое го преживеало раѓањето имало 10,2 килограми! Родено е во 1955. година во италијанскиот град Аверса.

Најмалото бебе на светот

Во 2016. година, малата Емилија била родена во германскиот град Витен (по 26-та недела од бременоста) – тежела 229 грама и била долга 22 сантиметри. Во 2004 година, во Чикаго се родило слично бебе: 244 г и 25 см – малата Румаиса Рахман.

Најстарата мајка

Шпанката Марија дел Кармен Бусада де Лара долго време го држела рекордот како најстара мајка на светот. Во 2006 година, таа се породила на 66-годишна возраст – со близнаците Кристијан и Пау (преку оплодување со ин витро). Меѓутоа, Индијката Рајо Деви родила ќерка кога имала 70 години, па во 2008 година ја презеде титулата најстара мајка.

Вкупно најмногу деца

Според Гинисовата книга на рекорди – најголемо семејство било она на Русинката Валентина Василијева која помеѓу 1725 и 1765 година се породила 27 пати и родила вкупно 69 деца. Од тоа, 16 пара близнаци, седум пати родила „тројки“ и четири пати – „четворки“.

Најмногу деца за време на едно раѓање

Во 2009 година, Надја Сулеман, Американка од Калифорнија (со помош на ин витро оплодување) родила здрава „осумка“ во 30-та недела од бременоста. Денес таа е мајка на 14 деца. Забеежано е и раѓање на девет и десет деца, но не преживеале сите.

Најголемата разлика во возраст помеѓу браќа и сестри

Овој брат и сестра можат да бидат баба и внук: Елизабет Ен Бат ја родила ќерката Белинда на 19 јуни 1956 година и 41 година и 185 дена подоцна (на 20 ноември 1997 година) го родила синот Џозеф. Мајката тогаш имала 60 години.

Најбрзо раѓање

Според некои медицински извештаи, најбрзо се породила 33-годишната Палак Вивас од Ајлеворт, Англија. Околу две минути откако ѝ пукнал водењакот, малата Ведика ја видела светлината на денот.

Најдолгото раѓање

Познато е дека поминуваат неколку минути помеѓу раѓањето на близнаци. Сепак, Ирката Марија Џонс-Елиот родила близнаци со разлика од 87 дена. Ејми е родена во 24-та недела од бременоста, а Кејти останала во утробата на нејзината мајка уште три месеци. Двајцата се здрави и се наоѓаат во Гинисовата книга на рекорди.

Најкраткиот интервал помеѓу две раѓања

Новозеландката Џејн Бликли ја родила ќерката Ени Џeсика Џојс, 208 дена откако го родила синот Џозеф Роберт. Девојчето било родено предвреме.

[better-ads type='banner' banner='999' ]