Најчести симптоми на Аспергеров синдром

Иако оваа дијагноза кај секој родител предизвикува страв и нервоза, ако се открие на време, ќе ви овозможи да го усмерите своето дете и да му помогнете да се бори во текот на животот.

0
1286

Аспергеровиот синдром спаѓа во невролошко пореметување кое е слично на аутизмот, но во значително поблаг облик заради што не е толку страшен за развој и функционалност на лицата со дијагноза.

Симптомите се значително помалку изразени отколку кај аутизмот, а децата немаат застој во развојот и говорот и когнитивните вештини им се еднакви како кај здравите деца. Но токму поради тоа е и потешко да се открие.

Еве 10 најчести однесувања на кои треба да обрнете внимание за да ги откриете навреме симптомите.

1.Многу деца со Аспергеров синдром се преокупирани со една активност и со часови можат да бидат фокусирани само на неа.

2.Типично е детето со овој синдром да звучи како „мал професор“. Овие деца имаат напреден вокабулар, но со оглед на тоа што станува збор за аутистично пореметување, често се фокусираат само на една тема за која зборуваат цело време. Можат да зборуваат и многу поформално од децата на свои години или преферираат разговор само со возрасни.

3.Видливи се и социјалните потешкотии. Тешкотија им претставува читањето на говорот на телото, одржување на конверзација и генерално, на дијалог. Заради тоа, децата со овој синдром можат да бидат изолирани од врсниците.

4.Рутината игра голема улога во животот на децата со Аспергеров синдром. Тие имаат потреба се да биде во точно одредено време секој ден, а отскокнувањето од вообичаениот распоред ги збунува.

5.Многу од децата не миожат да поднесат акјо работите тргнат наопаку. Едноставно немаат можност да ги контролираат чувствата кога работите не се одвиваат „по распоредот“.

6.Недостаток од емпатија кон другите. Овие деца едноставно живеат во својот мал изолиран свет, несвесни дека луѓето околу нив имаат желби и чувства.

7.Зборовите ги сфаќаат буквално и не можат да разберат сарказам или шега.

8.Необичните изрази на лицето и на држењето се уште еден од синдромите. Честопати претерано зјапаат во другите или паки одат во друга крајност – избегнуваат контакт со очи.

9.Задоцнети моторички движења, од пишување до возење велосипед е уште еден од симптомите.

10.Многу од децата имаат засилена чувствителност на сетилата. Честопати не поднесуваат да носат одредени ткаенини затоа што не им се допаѓа чувството, лошо реагираат на одредени звуци, светла и слично.

[better-ads type='banner' banner='999' ]