Јасно е дека авторитарното, грубо родителство не е пожелно, но не е доволно јасно што не е во ред со попустливоста кон децата. Обично велиме дека детето ќе се разгали, но проблемот е подлабок од ова, сметаат стручњаците.
Пермисивното родителство прави децата да се чувствуваат осамени, затоа што им недостасува контакт. Заради тоа во себе се чувствуваат длабоко несигурни, затоа што доживуваат како никој да не се грижи за нив. Кај потемпераментните деца во мозокот се активира механизам на борба и тие деца заради внатрешноста несигурност стануваат агресивни, ја преземаат контролата, не слушаат о стануваат шефови. Практично, преоѓаат во алфа позиција во недостаток на вистински старател на кој можат да му се препуштат.
Вториот проблем е што тие деца не успеале да развијат способност за преработка на фрустрациите и не успеваат да излезат од нив кога нешто не е по нивно. Секако дека е со нив тешко и напорно и не им се драги на возрасните. Тоа одбивање кое го чувствуваат од другите нив ги тера да станат уште поагресивни, затоа што се чувствуваат уште понесигурни.
Тоа е затворен круг затоа што најчесто самиот родител нема свој став и детето го доживува како слаб. Овој затворен круг може да се смени ако родителот се смени и ако поработи на себе, или ако детето влезе во однос со некој кој има понаков однос од родителот, на пример, тренер, учител, и слично.