Најважните предуслови за воспитано дете

Сакате воспитано дете за кратко време? Според американскиот психолог др.Кевин Леман ова се десет најважни предуслови

0
350

Еве неколку совети кои според американскиот психолог др.Кевин Леман се најважни предуслови за да имате воспитано дете.

Бидете доследни во своето однесување.

Детето мора да знае дека сте сериозни!

Секогаш исполнете го она што сте кажале дека ќе го направите

Никогаш, никогаш не отстапувајте. Немојте да бидете слаб затоа што вашето дете ќе се прашува кога сте сериозни, а кога не.

Не се расфрлајте со зборови

Користете постапки, а не зборови. Наместо да се расфрлате со зборови, затворете ја устата, размислете и реагирајте на ситуацијата.

Избројте до 10 и запрашајте се: Што треба да сменам?

Ако веќе со години реагирате на истиот начин, размислете што би требало да направите поинаку.

Никогаш не им се заканувајте на децата

Заканите ретко ги спроведуваме, па децата и не им веруваат многу. Дури и мало дете знае кога блефираме.

Никогаш не се лутете

Не им дозволувајте на децата да управуваат со вашето расположение. Вие сте возрасна личност ви овој однос. Ако ги изгубите нервите, извинете му се на детето за евентуално кажаните навреди.

Никогаш не предупредувајте

Предупредувањето е како да сте му порачале на детето дека е глупаво и дека мора се да му се нацрта. Целта е да ги научите да реагираат и кога нешто ќе кажете првпат.

Запрашајте се чиј е овој проблем?

Не ги преземајте нивните проблеми, постојат работи кои мораат да ги направат сами.

Немојте да мислите дека лошото однесување ќе исчезне

Децата добиваат премногу со лошото однесување за само така, без ваше мешање, да се откажат.

Задржете ведар израз на лицето дури и кога…сакате да направите нешто друго

Наместо да се нервирате, само стапете во штрајк. Не правете ништо од она што го очекуваат децата, се додека не почнат да ги исполнуваат своите обврски. Вооружете се со правила и со трпение.

[better-ads type='banner' banner='999' ]