Најважните играчки од нашето детство сега вредат мало богатство

Брзо! Проверете го таванот и прегледајте ги подрумите на вашите родители - овие играчки од вашето или од нивното минато сега вредат мало богатство. Денеска децата си играат главно со мобилни телефони...Сте имале ли вие или вашите деца некоја од овие играчки?

0
537

Се сеќавате ли на некоја играчка на вашите деца која била многу популарна додека тие биле малечки или пак некоја игра која често сте ја играле со нивк? Или пак, ги паметите ли играчките кои биле популарни во вашето детство или некои од оние стари добри друштвени игри?

Некои од нив биле популарни и ширум светот, а некои само таму некаде, во светот, но сите ние, ако и сме ги немале, сигурно сме знаеле за нив.

ПЕЗ дозатори: цените варираат

Љубителите на шеќер ќе бидат среќни што дури и оној стариот, дозаторо за овие бонбончиња, за помалку PEZ, може да биде вреден еден ден. Во 2006. година, дозаторот познат како Астронаут Б, создаден за Светскиот саем во 1982, направи голема цена , продавајќи се eBay за 32.000 долари. Други колекционерски дозатори се и Мики Маус дозаторот со мека глава, дозаторот со главата на Дедо Мраз од 1955. година и пиштолот на ПЕЗ.

Оригиналната игра Монополи: 146.500 долари

Оригиналната рачно нацртана верзија на Монополи направена во 1933 година и во сопственост на пронаоѓачот на играта Чарлс Дароу е продадена за 146.500 долари во аукциската куќа Сотби во 2011 година, речиси двојно повеќе од очекуваната цена. Но, дури и ако немате толку ретка верзија на оваа сакана игра, верзиите од 1930-тите години се продавани по цена од 3,125 долари, а ограничените изданија се продаваат по стотици долари на eBay.

Жешки тркала: цените варираат

Додека повеќето од овие автомобили со големина на дланка одат само по неколку долари, ретките пронајдоци може да бидат во вредност од илјадници. Меѓу највредните е прототипот „Фолксваген плажа бомба” од 1969 година, дизајниран со штици за сурфање што висат од задниот прозорец и тркала што го направија премногу голем за тркачките стази на Мател. Иако никогаш не отиде во широко производство, токму тоа е она што го прави сè повеќе вреден за колекционерите, кои го ценат околу 125.000 долари.

Action Comics број 1: 3,2 милиони долари

Најскапиот стрип што некогаш бил продаден на eBay, ова  издание од 1938 година на аукција во 2014 година, се искачи до неверојатни резултати. Зошто ваква лудост? Затоа што е тоа стрипот кој прв го воведе Супермен во светот, и има помалку од 50 примероци ширум светот.

Wun-Dar He-Man: Цените варираат

Оваа фигура позната и како He-Man со карпа, во 90-тите години бил даван како подарок со купувањето на Вондер леб. Нечија љубов кон белиот леб, сега може да се исплати, благодарение на чудото на eBay, каде што некои од нив одат за околу 500 долари.

Американската девојка куклата „Моли“: 11.000 долари

Новата американска кукла ќе ве чини околу 120 долари, но не е лошо да се знае дека куклите како Фелисити, Саманта, Кирстен и Моли кои повеќе не се произведуваат сѐ уште живеат некаде. Оние кои имаат една од овие кукли со нивната оригинална облека и додатоци, може да ја продадат за 11.000 долари.

Прво издание на Барби: 23.000 долари

Барби можеби неодамна претрпе преобразба, но за некои колекционери класичната летна верзија од 1959 година секогаш ќе биде единствена. Оригиналите, комплетирани со костими за капење со зебра-шари оди со големо зголемување, од околу 8.000 до 23.000 долари.

Оригинално Furby: 900 долари

Овие крзнени, интерактивни играчки дојдоа на местото на настанот во 1998 година. Доколку сте сопственик на едно од првите верзии во неотворена кутија, можете да очекувате да достигне цена од околу 900 долари.

Game Boy: 750 долари – 1.000 долари

Пред да станеме опседнати со нашите мобилни телефони, имавме вакви игри. Овие денови состојбата на цената на овие игри на Нинтендо познати под името Game Boys одат за стотици долари а, ако имате специјално издание како што е Boy Light, и над 1.000 долари.

Оригинални Трансформерси: цените варираат

Хасбро ја произведе првата линија на овие трансформери- роботи во 1984 година. Ако сте имале среќа да ги задржите оригиналите во нивната кутија, тие можат да бидат во вредност која е поголема од нивната оригинална вредност: Optimus Prime фигурите во оригиналното пакување на eBay чинат повеќе од 1.000 долари, многу повеќе од оригиналот.

Прво издание на „Хари Потер и каменот на волшебникот“: 6,500 долари

Првично објавен во 1998 година, првите изданија на американската верзија на приказната на Џ.К. Роулинг, која започна со феноменот Хари Потер, се продава за 6.500 долари. Ако најдете потпишана копија, таа ја зголемува вредноста и се продава за 15.000 долари.

Нинџа желки (Teenage Mutant Ninja Turtles): цените варираат

Овие херои првпат се појавија како стрип-карактери во 1984 година, а наскоро следеше и популарна анимирана серија во 1987 година. На секој роденден на кој се одеше во доцните 80-ти години беа подарувани многу вакви акциски фигури. Сега нивната цена може да оди од 400-900 долари, а поретките парчиња се нудат за илјадници долари.

Happy Meal играчки: цените варираат

Сигурно се сеќавате на овие детски оброци на Мекдоналдс кои доаѓаа со играчки. Има колекционери кои ги сакаат овие минијатурни играчки. На eBay, ќе најдете колекции како оваа од сите Дизни-тематски ликови со цена од околу 300 долари.

Старомоден пиштол на вода: 100 – 500 долари

Се прскавме со овие пиштоли по плажите или на улица, а сѐ уште се актуелни и денеска. Моделите како овој од 1990-тите започнуваат со цена од околу 129 долари и можат да достигнат дури до 500 долари.

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]