Научници: Овие 8 особини се наследуваат

ДНК содржи многу повеќе информации отколку што можеме да замислиме

0
1137

Секој човек барем еднаш во животот слушнал нешто како „Ги имаш очите на мајка ти, но карактерот на татко ти„ или „Ист си како својот дедо“.

Од друга страна, ретко ќе слушнете некој да каже „Имам агорафобија, како и мојот прадедо“. Од што зависи кои (или чии) особини ќе надвладеат во нашиот ДНК синџир и дали можеме да ги менуваме, е прашање кое долго ги измачувало генетичарите. Се досега.

ДНК содржи многу повеќе информации отколку што можеме да замислиме. Иако научниците се уште не можат да дадат јасен одговор на прашањето што најмногу влијае на карактерот на луѓето – околината, гените или воспитувањето, многу студии покажале дека не се наследува само изгледот туку и некои спомени, како што се на пример, фобиите.

Покрај фобиите, постојат уште некои особини кои ги наследуваме од претците и невозможно е да се сменат.

Фобии

Пренесувањето на фобиите преку ДНК го докажала студија во која глувците се тренирани да ги избегнуваат сите мириси слични на мирисот на цвет од цреша. Ова влијаело на ДНК на субјектот такашто делот од ДНК одговорен за чувствителноста на овој мирис бил поактивен во сперматозоидите на глувците-татковци. Како резултат, децата и внуците биле многу чувствителни на мирисот од цреша и го избегнувале, иако немале вистинска причина за тоа. Научниците сметаат дека резултатите на оваа студија се важни за истражување на фобиите, анксиозноста и посттрауматското стресно пореметување. Можеби стравот од пајаци или од височина не е ирационален како што изгледа.

Екстровертност

Некои карактерни особини стекнуваме со годините, а некои се веќе запишани во нашата ДНК. На пример, гените WSCD2 и PCDH15 се поврзани со екстровертност. Затоа, можеби причина што сте толку друштвени лежи во вашите претци, а не во фактот што родителите ве запишувале на сите можни воншколски активности. Освен тоа, постои и генетска врска помеѓу екстровертноста, пореметувањето на вниманието и хиперактивноста.

Смисолот за хумор

Некои луѓе веруваат дека смисолот за хумор е научена особина која зависи од околината во која личноста пораснала. Но, во текот на студијата е откриено дека луѓето со кратки алели на генот 5-HTTLPR покажуваат позитивни реакции и почесто се смеат. Резултатите од студијата се потврдени и кога се земени предвид годините, полот, етничката припадност и симптомите на депресија.

Подложност на стрес

Некои луѓе се поподложни на стрес, а оваа осбина се пренесува од родителите на децата. Стручњаците тврдат дека ако мајката била изложена на стрес во бременоста, нејзиното дете ќе биде поподложно на стрес во животот. Згора на тоа, ако родителите биле под стрес долго пред да добијат дете, постои ризик дека хроничниот стрес ги оштетил хромозомите.

Склоност кон зависности

Гените и наследните особини се од 40 до 60 отсто одговорни за развој на зависности. На пример, врската помеѓу зависностите и генот D2 е проучена до детали. D2 е тип на допамински рецептор. Луѓето кај кои овие рецептори не работат добро, се посклони кон земање супстанции кои предизвикуваат зависност.

Способност да се наспијат за неколку часа

Некои луѓе можат да спијат помалку од 5 часа и сепак да функционираат добро. Постои ген наречен Тачеров ген, по британската премиерка која спиела само 4 часа ноќе и прекрасно се чувствувала. Луѓето со овој ген не само што спијат помалку туку и изведуваат подобри ментални задачи откако не спиеле 38 часа. Инаку, Тачер не е единствена со оваа супермоќ – Томас Едисон, Никола Тесла и Исак Њутн исто така спиеле помалку од 5 часа.

Склоност кон штедење пари

Кога станува збор за пари, нашите акции во 30 отсто случаи можат да се објаснат со природни фактори. Некои луѓе се генетски склони кон штедење пари, без оглед на висината на приходите, полот и образованието. Ваквите луѓе поретко имаат лоши навики како што е пушењето и се помалку подложни на дијабетес. Ова се случува затоа што се подоследни во однесувањето и имаат подобра самоконтрола, благодарение на својата ДНК.

Музикалност

Гените играат поголема улога од вежбањето, кога станува збор за музичкиот талент, особено во препознавањето на тонови и ритми. Студијата на идентични близнаци покажала дека луѓето кои вежбале помалку имале подобри резултати од оние кои вежбале повеќе. Еден од близнаците вежбал повеќе од братот, но не можел да ги надмине неговите музички способности. Научниците објаснуваат дека некои аспекти на талентот за музика лежат исклучиво во нашите гени и невозможно е да се научат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]