Научете ги децата на вредни животни вештини следејќи го примерот на овој татко

Kако во секојдневните ситуации можеме да препознаеме вредни лекции за нашите деца и како да ги искористиме за нивната благосостојба на најдобар можен начин?

0
131

Родителите знаат дека има голем број животни вештини што нивните деца мора да ги научат, но причините на еден татко досегаат во неговото детство. Неговото искуство покажува како во секојдневните ситуации можеме да препознаеме вредни лекции за нашите деца и како да ги искористиме за нивната благосостојба на најдобар можен начин.

„Татко ми ме научи како да перам алишта, но никој не зборуваше за менталното здравје – ги прикривавме нашите проблеми и бевме убедени дека вистинските мажи не плачат.

А за финансиите никој ништо не кажуваше. Тоа би можело да биде објаснувањето зошто на 24 години подигнав автомобилски кредит со камата од 22%. За да бидат работите уште полоши и двајцата мои родители беа сметководители. Четириесетгодишниот јас, се ежам од тоа сеќавање. (Да, им дадов на знаење дека сум лут)“, се сеќава Шенон Карпентер, татко на три деца.

Учење од сопствените неуспеси и грешките на своите родители

„Ја научив мојата 12-годишна ќерка да менува акумулатор во 20 часот на паркингот од една продавница. Тоа е една од многуте вештини што сакам да ги знае во случај некогаш да западне во слична неволја – исто како нејзиниот татко во тој момент. Сакав да ја запознаам и со автомобилскиот мотор, иако мене најмногу ми личи на метални шпагети“, се пошегувал тој.

„Дали вашите деца знаат како да помогнат во одржувањето на семејното возило? Тоа е важна вештина што треба да ја знаат откако ќе пораснат“, вели Шенон.

Поправка на автомобили, финансии, готвење и ментално здравје: има толку многу вештини што треба да ги знаеме и да ги научиме нашите деца, што честопати може да изгледа недостижно.

„Продолжив да ги споделувам овие лекции за животни вештини со моите деца во текот на годините – и не ги делам работите според полот. Една паметна личност еднаш ми рече дека „на садовите не им е гајле за полот“, а јас се обидувам да им ги дадам на моите синови – не само на ќерка ми – основите што ќе им требаат кога ќе станат независни возрасни луѓе“.

„Не плашете се ако не сте почнале да го правите ова рано со вашите деца. Открив дека средното училиште е совршено време за предавање. Еве како го правам тоа“, вели овој татко.

Животните вештини започнуваат од дома

„Почнав да ги учам моите деца за домашни работи кога беа мали бидејќи одбивам да испратам кого било од нив во светот без да биде во состојба да си ја обезбеди најосновната грижа за себе.

Почнавме со мали нешта, како кршење јајца или полнење на машината за перење. Децата на крајот успеаја да се смират работејќи ги овие работи, стекнувајќи компетентност и стекнување самодоверба.

Ако дојде до отфрлање или недостаток на ентузијазам, не се грижете за тоа. Доследноста и трпеливоста се клучни. Држете се до тоа“.

Треба да му помогнете на вашето дете да се запознае со кујната

„Години по овој експеримент, мојот 13-годишен син можеше да подготви едноставно јадење и беше задолжен за готвење во недела навечер. Тоа значи планирање, купување и подготвување оброци.

Мојата 15-годишна ќерка ја има својата сабота навечер со истите обврски. Тој исто така работи многу со мене околу одржувањето на автомобилот. Секој е одговорен за своите алишта“, вели Шенон.

Автономија и компетентност

Џесика Лејхи, авторка на книгата The Gift of Failure (Подарок на неуспехот), се залага да ги учиме нашите деца на автономија за да бидат помотивирани и да научат да бидат компетентни.

Ова го правиме така што ќе им дадеме јасни очекувања, а потоа ќе се оддалечиме откако ќе ги научиме. Ова им овозможува на нашите деца да ги совладаат задачите, а Лејхи забележува дека така учат да ги решаваат проблемите и да се справуваат со неуспехот.

„Да, имавме прекрасни катастрофи во оваа куќа – сите се сеќаваме на големата катастрофа со колачите со лимон во 2018 година и продорните звуци од детекторот за чад. Ваквите моменти беа поводот што се здруживме како семејство во измислување решенија и справување со последици“, вели Шенон.

Важноста на финансиите

„Парите можат да бидат табу тема за многумина, како што може да покаже моето искуство со високите каматни стапки за автомобилскиот кредит. Оваа вештина ми е многу потешко да ја научам бидејќи не е толку пријатна, но погрижете се вашите деца да го научат тоа“, објаснува Шенон.

Извршниот директор на „JumpStart Coalition“, Лаура Левин вели дека има потрајно влијание кога родителите и детето учат заедно. Коалицијата JumpStart се залага за финансиска писменост во училиштата од градинка до средно училиште.

„Вежбајте да користите апликација или студентска дебитна картичка. Продолжете во помал обем, во безбедни граници, но со последиците од нивните постапки“, вели таа.

„Тоа значи дека не им давам џепарлак на моите деца. Има работи што треба да ги работат затоа што тоа се очекува од нив. Но, има платени работи во куќата како чистење на гаражата и автомобилот на мама откако таа имала напорна недела на работа.

Тоа се пари што можат слободно да ги трошат како што сакаат. Сметам дека тие се поштедливи кога се одговорни за своите пари.

Исто така, можеме да изградиме и навики за штедење кои ќе им помогнат да ја продолжат таа практика откако ќе пораснат“, вели Лаура.

Подучување за управување со менталното здравје

Конечно, како што е случајот со темата пари, на многу родители им е тешко да зборуваат за менталното здравје додека не достигне критично ниво. Учењето да управувате со вашето ментално здравје е животна вештина што не треба да ја занемариме.

Тоа на некој начин влијае на секоја друга област од животот, вклучувајќи чистење, хигиена и одговорно управување со парите. Од сомнеж и вознемиреност до посериозни проблеми, тие треба да се научат на вештините за справување што е можно поскоро.

Како да почнеме да ги отвораме овие теми? Има едноставен одговор, но тешко е во пракса.

„Ги учиме нашите деца за менталното здравје такашто ќе бидеме искрени со нив и ќе им ги покажеме своите борби. Им признаваме дека понекогаш сме вознемирени, депресивни или сомничави кон своите способности.

Повторно, започнуваме со мали чекори, на начин на кој тие можат да разберат. Но, ние им покажуваме дека не само што е во ред да се биде ранлив, туку дека не се сами“, заклучува Лаура.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]