Наградна игра на Мајка и дете и Литература.мк, одговорете точно и добијте книга!

Оваа недела ја промовираме книгата „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ од Јасмина Кантарџиева Димков

0
165

Порталот наменет за родители Мајка и дете во соработка со „Литература.мк“ (http://literatura.mk) ви предлага листа со пет книги за деца за ова лето.

Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство.

Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ е што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/ и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга, која ќе може да ја подигне во книжарницата на „Литература.мк“ на улица Македонија, во Скопје.

Оваа недела ја промовираме книгата „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ од Јасмина Кантарџиева Димков

Ова е приказна „од наше маало” со која ќе се идентификува секое дете, но и возрасен.  Дикси, Тајсон, Изи, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи се десет неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне позната населба- Тафталиџе 1. Ја знаете, нели? Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно… Кучињата секојдневно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска”, „Букурешка”, „Париска”, „Прашка”, „Лондонска”, „Варшавска”, „Хелсинки”, а маалото е полно весели кучешки лаежи. И сѐ би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки….

Наградното прашање за оваа недела е:

Каде се наоѓа Тафталиџе 1:  1. Скопје, 2. Куманово, 3. Виена?

[better-ads type='banner' banner='999' ]