Наградна игра на Мајка и дете и Литература.мк, одговорете точно и добијте книга!

Оваа недела ја промовираме книгата „Сакам дома!“ од Јасминка Петровиќ

0
355

Порталот наменет за родители Мајка и дете во соработка со  Литература.мк“(http://literatura.mk) ви предлага листа со пет книги за деца за ова лето.

Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство.

Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ е што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/ и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга, која ќе може да ја подигне во книжарницата на „Литература.мк“ на улица Македонија, во Скопје.

Оваа недела ја промовираме книгата „Сакам дома!“ од  Јасминка Петровиќ.

„Сакам дома!“ од авторката Јасминка Петровиќ  е поучна книга и за родителите и за децата.  Приказната се движи околу малиот Никола кој одлучува да замине во потрага по нови родители. Но нема смислено каде да ги најде. Во соседството? Во некоја соседна држава? Во Европа? Африка? Австралија? На Северниот Пол? Во огласите? На „Фејсбук“?… За едно толку симпатично и умно момче, каков што е Никола, родителите можат да се најдат само на некоја друга планета. Деца, појдете со Никола во потрага по совршените родители. Ве очекуваат комични, всушност, космички авантури, преполни со мали чуда, џиновски солзи, смешни зборови и опасни игри.

Наградното прашање за оваа недела е:


Во каква потрага е малиот Никола: 1. по ново милениче, 2. ново другарче или 3. нови родители?

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]