Мразите кога некој ви дава совети кои не сте ги барале?

Зошто најмногу не нервира кога најблиските ни солат памет и зошто тогаш им го правиме истото на нашите деца?

0
209

„Убаво помини си“, ѝ вели мајката на својата ќерка тинејџерка а таа одговара: „Мамооо, те молам престани да ми кажуваш што да правам!“

Оваа шега е само показател за тоа дека толку не малтретираат со совети кои не сме ги побарале што повеќе не сме во состојба да ги поднесеме нити оние најбенигните.

Развојниот психолог Питер Греј на оваа тема пишува:

Сопругата и јас имаме прекрасен брак. Една од причините за нашата среќа е тоа што и двајцата научивме да избегнуваме да си солиме памет еден на друг. Се сеќавам на еден од првите чекори во овој процес. Се враќавме дома од кино и мојата сопруга возеше. Забележав дека е автомобилот во втора брзина, иако беше јасно дека треба да префрли во трета, можеби дури и во четврта. Бев глуп и ѝ го кажав тоа. Не одговори ништо, но острината на движењето со кое ја смени брзината и многу гласната тишина која следуваше, зборуваа: „Слушај друѓе, веќе со години возам, не ми треба твојот надзор. Зарем навистина мораше да го прекинеш разговорот за филмот за да ме учи како да возам!“

И сето тоа поради моето љубезно: „Драга, мислам дека би требало да префрли во друга брзина, ќе се троши помалку гориво, а и на моторот ќе му биде полесно“.

Морам да признаам, кога размислив малку подобро, дека мојата реакција, ако добиев сличен совет од неа, ќе беше отприлика иста.

Мојата жена и јас не сме единствените луѓе кои не сакаат да добиваат совети кои не ги побарале. Додека се подготвував за пишувањето на овој текст, ја гуглав фразата „непобарани совети“ и наидов на анкетата со прашање „дали сакате совети кои не сте ги побарале?“ и три понудени одговори – да, не и единствено ако доаѓаат од вистинската личност.

Кога последен пат ги прегледав резултатите, 847 луѓе го дале својот одговор, и само 6% одбрале „Да“, 56% одбрале „Не“ и 38% го одбрале третиот одговор.

Лично не мислам дека е работата во вистинската личност, важен е тајмингот како и начинот.

Советите од пријателите, партнерите, роднините, шефовите, познаниците и странците подеднакво не иритираат, доколку се дадени во погрешно време и без такт.

Секако, понекогаш небараниот совет е добредојден. Ако влегувам во океан а некој ми пријде да ме предупреди да не влегувам затоа што пред малку во водата се видени ајкули, ќе му бидам благодарен. Тоа дури не би го ни сметал за совет, туку за корисна информација која може да ми го спаси животот.

Секако, би било доволно и само да ми ја каже информацијата за ајкулите, без да ме советува да не влегувам во вода. Тогаш одлуката одлуката да не влегувам во водата, би ја чувствувал како своја, донесена врз основа на сопствениот разум.

Во таков случај не би имало ниту трага од искушението да продолжам со влегувањето во вода, само за да докажам дека „јас го правам она што ЈАС ќе одлучам да го направам“!

Зошто вака реагираме на несаканите совети? Зошт едноставно не прифаќаме дека се тие најчесто знак за искрена грижа од страна на другите и нивната желба да помогнат? Останатите кои пишувалеза ова навеле бројни рационални причини, пред сѐ, дека советите ги доживуваме како знак за нечија доминација, наметливост или агресија, како критика, недостаток на доверба во нашите цели и приоритети. Со сето ова се согласувам, но би додал дека зад сите овие причини лежи нашата желба да ја заштитиме сопствената слобода.

Човечките суштества копнеат за слобода од оправдани еволуциски причини. И се спротивставуваме на контролата на другите луѓе. Тоа го правиме без оглед на нашата возраст и на тоа кој сака да не контролира. Луѓето во брак се спротивставуваат на контролата на своите партнери; старите се опираат на контролата на своите возрасни деца; децата на сите возрасти се опираат на контролата на своите професори, што е една од причините заради кои школувањето генералноноси толку слаби резултати.

Кога најблиските ни даваат совети кои не сме ги барале, се чувствуваме посебно загрозени, затоа што имаме потреба да ги задоволуваме оние кои ги сакаме. Тешко е да се игнорираат нивните совети, затоа што се грижиме дека со одбивањето ќе ја доведеме во прашање својата љубов и почитта кон нив. Истовремено, не сакаме да ги послушаме нивните совети затоа што сакаме да ја зачуваме својата автономија. Всушност, советите на ближните најмалку сакаме да ги послушаме, затоа што, секој пат кога ќе го направиме тоа, ја нарушуваме рамнотежата на моќ во нашите меѓусебни односи во корист на потчинувањето, праќајќи ја пораката: „Да, драг мој, многу си попаметен и повеќе знаеш од мене, такашто секогаш ќе правам онака како што ќе кажеш ти“.

Секој чин на послушување како да ја стега замислената јамка околу нашиот врат.

Заради тоа што истовремено сакаме да го послушаме советот на ближниот и да му ја покажеме нашата љубов, да гo игнорираме за да ја задржиме својата слобода, стануваме фрустрирани, а потоа и бесни.

Заради тоа повеќе не нервира кога нашиот партнер ќе ни каже како да возиме, отколку кога тоа ќе го направи целосен странец.

Полесно е да се разбере оваа појава врз основа на примерот на сопружниците, отколку на примерот на родителите и детето. Брачните партнери се еднакви, родителот и детето очигледно не се. Родителот е поголем, посилен, повеќе знае за светот и ги контролира ресурсите. Но, на некој друг начин, родителот и детето се еднакви. Еднакво силно ги чувствуваат своите желби, потреби и цели. Децата се многу попаметни отколку што мислат повеќето возрасни. Свесни се за својата зваисност од возрасните, но истовремено чувствуваат силен нагон за независност. Од гледна точка на еволуцијата, тоа не е случајно – тој нагон ги поттикнува децата да преземат ризици кои се нужни за процесот на растење, пронаоѓање на сопствениот пат и преземање на контрола над сопствениот живот.

Значи, мој совет за вас, кој не го побаравте, е да бидете толку внимателни кога им давате непобарани совети на своите деца, колку и кога го правите тоа на својот брачен партнер.

Колку почесто им солите памет тогаш кога не го бараат тоа, тоа е помала шансата дека ќе ве прашаат за совет тогаш кога навистина ќе им биде потребен и дека ќе го послушаат доколку е разумен.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]