Момчето со церебрална парализа го вози 6. ден од патот околу Македонија (ВИДЕО)

Дваесет и осумгодишниот ресенчанец Васил Јанкула ја привршува маратонската тура - патот околу Македонија за 7 дена со својот трицикл, во придружба на тренерот Тони Ангеловски и без оглед на лошите временски услови

0
736

Денеска 28.годишниот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа од Ресен за кое јавноста слушна поради неговите многубројни подвизи – учествата на маратони и спортски настани низ државата со својот трицикл го вози шестиот ден од својот личен маратон – обиколката на Македонија за само 7 дена. Неодамна учествуваше на Скопскиот маратон кадешто со својот трицикл извози 42 километри, а пред 6 дена од својот роден Ресен тргна на пат околу Македонија.

„Денеска тргнуваме од Маврово за Дебар, а утре од Дебар заОхрид“, вели Васил кој храбро ги извози предвидените километри и покрај временските услови.

Пред тргнувањето Васил упати апел до учесниците во сообраќајот, да се информираат за трасата што ќе ја поминува и да внимаваат додека вози заедно со неговата експедиција. Задно со него вози и неговиот тренер Тони Ангеловски.

Јанкула е роден со церебрална парализа, но наместо да седи дома, постојано е активен и освен трицикл вози и автомобил, иако поради својот хендикеп не може да добие лекарско уверение за да полага возачки испит.

Васил Јанкула го почна своето патешествие со цел да ја подигне јавната свеста за лицата со попреченост. Маратонот го почна од центарот на Ресен, а досега помина преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар и Маврово. Утре оди за Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.

Подвигот за кој добил поддршка од УНДП, го планирал веќе една година, а физички се подготвува изминативе два-три месеци.

[better-ads type='banner' banner='999' ]