Милениците позитивно влијаат на бебето уште додека е во стомакот

Сите знаеме дека домашните миленици позитивно влијаат на нашите животи, но новото истражување укажува и на нивните позитивни ефекти врз бебето во стомакот.

0
153

Добри вести за сите љубители на домашни миленици. Кучето или мачката кои го користат твојот труднички стомак како перница имаат позитивно влијание на бебето.

Едно неодамнешно истражување укажува на позитивното влијание на домашните миленици врз децата, што вклучува помали ризици за развој на алергии или борба со дебелината подоцна во животот. Најголемото откритие на ова истражување е дека заради нив бебињата имаат добри цревни бактерии.

„Ја прегледавме здравствената состојба на овие бебиња на возраст од три месеци и кои добри бактерии ги имаат и откриле врска помеѓу добрите бактерии и домашните миленици“, рекла авторката на истражувањето Анита Козирскји за радио CBC. Веќе долго се мисли дека делењето на подот со животните ги изложува бебињата на добри бактерии, а други истражувања покажале дека животот со миленици заштитува од астма и од респираторни болести. Но ова истражување упатува на тоа дека добрите ефекти од домашните миленици почнуваат кога е бебето во стомакот.

„Интересно е дека соживотот со домашните миленици во бременоста резултира со тие промени што сугерира дека доаѓа до промена во цревната флора на мајката додека е бремена“, објаснила таа.

Децата имаат помалку алергии подоцна во животот. Истражувањето ги проучувало добрите цревни бактерии кај повеќе од 700 тримесечни бебеиња во периодот од 2009. до 2012. Жените кои имале домашни миленици во текот на бременоста имале повеќе од два вида добри бактерии Ruminococcus и Oscillospira.

„Двете се поврзани со понизок ризик од алергиите подоцна во животот и помала можност за дебелина“, вели Козирскји. Повеќето мајки кои учествувале во ова истражување имале кучиња, а помала група имале мачки, но докажано е дека и тие пренесуваат добри бактерии. Тоа може да биде позитивна врска помеѓу трудниците и мачките затоа што често се истакнува можната токсоплазмоза заради што трудниците треба да избегнуваат контакт со мачјиот измет.

Поврзаноста помеѓу домашните миленици и здравите цревни бактерии укажува дека премногу дезинфекција во нашите животи може да направи повеќе штета отколку корист.

„Нашето друштво станало премногу загрижено заради изложувањето на микроби, а опсесивни сме со хигиената што резултирало со поголем број алергии и астма“, вели таа.

Козирскији и нејзините колеги ќе ги следат децата во ова истражување додека не стасаат на возраст од пет години, па ќе можат да видат како домашните миленици понатаму влијаат врз здравјето на децата. Во меѓувреме, трудниците и натаму можат да уживаат во друштво на своите миленици.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]