Мајчинството ја менува сивата маса во мозокот

Истражувањата покажале дека кај жените кои стануваат мајки се менува сивата маса во мозокот, а тие промени траат минимум две години. Промените се толку јасни што само врз основа на скен на мозокот може да се покаже дали жената станала мајка или не

0
189

Кога добивате дете, станувате заборавни.
Заборавеноста и збунетоста во некои моменти кај мајките можат да биде предмет на шега. Сепак, многу студии покажале дека во мозокот навистина настануваат промени кога ќе станете родител.

Мајката Лиза Кер ја опишува необичната ситуација во која се нашла.

„Јас не функцинирам многу добро додека три деца во исто време врескаат околу мене. Така, вчера отидов да им купам нешто за јадење, стоев и ја чекав нарачката и откако луѓето ми дадоа сè што купив. Мајчинскиот мозок е реален”, напишала Лиза на Твитер.

Таа не е единствената што доживува тие заборавни моменти откако има деца. Многу мајки ги споделиле своите необични ситуации на социјалните мрежи. Некои тргнале надвор без маица, други ставале чипс во фрижидер, додека многу барале низ куќата предмет кој веќе го држеле во рака.

Обично, ваквите збунувачки ситуации се случуваат како резултат на промена во начинот на живот, како со мајките, така и со татковците. Животот станува многу стресен, а родителите спијат многу малку.

Кога не спиете преку ноќ, сосема е разбирливо што не сте когнитивно исти како кога сте наспани.

Освен тоа, голема промена е кога од самостојна возрасна личност се претворате во личност одговорна за нечиј опстанок. Тој го менува вашиот идентитет, но и начинот на кој го поминувате времето, спиете и се грижите за себе.

И науката многу пати докажала колку промени има кај жените за време на бременоста и мајчинството.

Во 2016 година, европските истражувања покажале дека кај жените кои стануваат мајки, сивата маса во мозокот се менува, а овие промени траат најмалку две години. Промените се толку јасни што само скен на мозок може да покаже дали жената станала мајка или не, според споменатата студија.

Студијата од 2010 година покажала дека има промени во вербалната меморија кај бремени жени. На пример, тие почнуваат да ги забораваат имињата на ликови од филм или имињата на нивните омилени книги, иако нема промена во препознавањето и работната меморија.

Сите истражувања, се разбира, не покажуваат дека бремените жени и новите мајки се помалку интелигентни. Терминот „мајчински мозок“ мора да се користи со претпазливост.

Многу научници веруваат дека сите овие промени што се случуваат, всушност им помагаат на жените да бидат подобри мајки.

Иако ова е сосема нормална појава, како и вообичаена шега кај луѓето, многумина предупредуваат дека би било добро да разговарате со лекар ако се појават некои многу посериозни симптоми по породувањето.

Ако мислите дека ви треба помош во постпородилниот период, не двоумете се да ја побарате.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]