Мајчинството влијае на скратување на теломерите и забрзано стареење на клетките

Породувањето и мајчинството го забрзуваат стареењето на клетките за приближно 11 години

0
407

Од претходно е познато дека раѓањето на детето резултира со значајни физички и психички промени кај жените, а податоците за резултатите од ДНК анализите, собрани неодамна кај 2.000 американски жени во репродуктивна возраст укажале на измени на генетските обележја кај жените кои родиле, што упатува на тоа дека нај нив клетките „претрпеле“ забрзано стареење.

„Не изненадија овие фрапантни резултатои од истражувањето. Податоците покажаа дека клетките на жените кои родиле биле подложни на забрзано стареење, по што би заклучиле дека породувањата и мајчинството го забрзуваат стареењето на келтките за приближно 11 години“, рекла Ана Полак, епидемиолог од универзитетот Џорџ Мејсон за New Scientist. Таа со колегите потсетиле дека оцената на должината на теломерите е индикатор за општото здравје на организмот затоа што се тие структури кои се наоѓаат на краевите од нашите хромозоми и главна задача им е да го штитат нивниот генетски материјал.

За да ги опишеме сликовито, би можеле да речеме дека се како пластични капачиња на врвките од чевлите кои ги штитат истите од оштетувања. Имено, теломерите со секоја делба на клетката се скратуваат, а како што клетките стареат, така и теломерите стануваат сѐ пократки. На крајот стануваат премногу кратки за да ѝ овозможат делба на клетката, заради што клетката повеќе не може да се дели туку умира, што е нормален биолошки процес.

Пократките теломери се поврзуваат со болести како ракот, срцевите заболувања и когнитивните пореметувања, а научниците на оваа листа го додале и – породувањето.

Кога ги „избројале“ сите расположиви податоци за возраста, степенот на образование, етничката припадност, за тоа дали е испитаничката пушач и бројни други, научниците кај жените кои родиле најмалку едно дете откриле теломери просечно пократки 4,2 отсто во однос на теломерите на жените кои никогаш не родиле.

Полак потсетила дека основната функција на теломерите е заштита на ДНК молекулите од оштетувања и одржување на нејзината стабилност во текот на процесот на клеточните делби. При делбата на клетките и репликациите на ДНК заради неможноста од делување на ензимот на репликацијата (RNK полимераза) на крајното подрачје на теломерите, новата реплицирана ДНК која настанува е значително пократка од почетната молекула.

Последично, геномот на секоја новонастаната клетка е пократок за неколку десетина парови бази од подрачјето на теломерите, а американските научници утврдиле дека во нивното истражување поимот „просечно“ с еоднесувал на разлика од 116 парови бази помалку кај жените кои родиле, што во бројки значи околу 11 години забрзано клеточно стареење.

Истражувањето покажало и дека скратувањето на теломерите варира зависно од бројот на родените деца.

„Утврдивме дека теломерите биле пократки кај жените кои родиле пет или повеќе деца во однос на оние кои не родиле и дека биле релативно пократки во однос на теломерите на жените кои родиле едно, две, три или четири деца“, рекла Полак.

Со оглед на опсервациската природа на студијата, успеавме само да ја утврдиме меѓусебната поврзаност, но не заклучивме која е причината за забрзано клеточно стареење кај родилките. Можеме да погодуваме дека станува збор за стресот поврзан со одгледувањето и грижата за децата, но резултатите треба да се разгледуваат со резерва. Сакам да кажам дека во ниту еден случај не им порачуваме на жените да не раѓаат деца“, истакнала Полак за New Scientist.
Резулататите од истражувањето се објавени во списанието Human Reproduction.

[better-ads type='banner' banner='999' ]