Мајките признале на која возраст им даваат на децата првпат газирани сокови

Газираните сокови се на лош глас. Виновни се за вишокот килограми, но и за кариес. Иако повеќето возрасни ги пијат, кога станува збор за децата, се однесуваат поинаку.

0
424

Газираните сокови често се наоѓаат на листата на забранетите производи или пак им ги дозволуваат на децата само во посебни пригоди, како што е случај со славниот Џејми Оливер кој признал дека нерма ништо против брзата храна, но е противник на слатките сокови со меурчиња.

Во анкетата на порталот Madeformums одговори на оваа тема дале 1400 мајки. Најголем процент од нив нба децата првпат ќе им понудат газирани сокови на возраст од 8 години (12 проценти), на возраст од пет години тоа ќе го направат 11 проценти мајки, а на возраст од десет години – девет отсто. Десет отсто од мајките нема никогаш да им понудат газиран сок на децата. Повеќето велат деја вкусот на таквите сокови никогаш не им се допаѓал на нивните деца и повеќето си дозволува да го консумираат само во посебни пригоди, на пример, за Божик.

Совет на детската нутриционистка Сара Алмонд Бушел е да се избегнуваат вакви пијалоци колку е можно подолго и да не се пијат дури ни од страна на возрасните.

„Газираните сокови содржат многу шеќери и се поврзуваат со зголемување на телесната тежина, со хиперактивноста и кариесот затоа што ја оштетуваат забната глеѓ“, изјавила нутриционистката.

Додала дека многу деца и онака консумираат повеќе шеќери отколку што дозволува дневниот лимит. Напоменува и дека диеталните варијанти бне се алтернатива затоа што некои истражувања ги поврзуваат со срцевите болести и со дијабетесот тип 2.

„Газираните сокови без шеќер и минералната вода исто така ги оштетуваат забите. Содржат јаглероден диоксид заради што имаат меурчиња“, додава Алмонд Бушел и им советува на родителите да бидат претпазливи затоа што таквите сокови често содржат и кофеим, отприлика еднаква количина како шолја чај.

[better-ads type='banner' banner='999' ]