Мајките потсвесно ги оттурнуваат татковците и ја занемаруваат нивната важност

Во денешното друштво кога повеќе нема големи семејства кадешто сите меѓусебно се грижат за децата, татковците им се често единствена помош на мајките. Освен што се важни за првите месеци од животот на бебето, татковците и подоцна имаат голема улога.

0
480

Уште за време на бременоста, татковците имаат голема улога. Тие се потпора на мајките и стабилна потпора кога ќе ги преплават чувства и стравови со кои многумина се соочуваат. Додека мајките делуваат водени од емоциите, татковците се тука за да ја применат логиката и да ги смират. Нивната улога е сѐ поголема и на породувањето. Повеќе не се само набљудувачи кои нетрпеливо чекаат во болничките ходници или слават со пријателите додека мајките ја одработуваат најтешката задача за човечкото тело – породувањето. Татковците ги усмеруваат мајките кога среде напорот и заорот ќе заталкаат, дишат покрај нив и ги преживуваат со нив породилните болки.

Мајките потсвесно ги оттурнуваат татковците од себе и беспотребно се оптоваруваат.

А по доаѓањето дома, нивната улога станува уште позначајна. Во денешното друштво кога повеќе нема големи семејства кадешто сите меѓусебно се грижат за децата, татковците им се често единствена помош на мајките. За жал, многу мајки тоа некако го занемаруваат и потсвесно ги оттрунуваат од себе, а себеси непотребно се оптоваруваат. Сигурно барем еднаш сте слушнале дека таткото спие на каучот во дневната соба за да се наспие  затоа што наутро мора да оди на работа. Секако дека мајките го прават тоа добронамерно и само сакаат да ги поштедат од непроспиени ноќи, но всушност тука почнуваат проблемите. Бебињата го поистоветуваат доењето и мајката со спиењето и никој не може да ги заспие освен нив. А за тоа време, мајките не се ни свесни дека во куќата имаат вистински стручњак за смирување на бебето.

Кога станува збор за бебето мајките се многу нежни и благи, а вистината е дека вознемиреното бебе сака да почувствува енергиечн и цврст допир од родителот. Тоа му влева чувство на сигурност. Сетете се само каков впечаток ви остава личност која има цврст стисок на раката. Сигурно ти делува како личност полна со самодоверба и оддава впечаток на личност која знае што прави.

Татковците многу подобро ги одржуваат границите во воспитувањето

Освен што се важни за првите месеци од животот на бебето, татковците и подоцна имаат голема улога. Се покажало дека многу подобро ги поставуваат правилата од мајките. Тие ги поставуваат принципиелно и строго, и на тој налин им укажуваат на децата што е правилно, а што не е. Многу се подоследни во нивното спроведување, и многу подобро ги одржуваат границите  во воспитувањето. Мајките пак сметаат на детскиот разум и логичен ум и се обидуваат да им ги објаснат правилата. А децата немаат доволно развиена логика за да можат да сфатат. Логиката и разбирањето на причините и на последиците кај малите деца, па и кај оние малку поголемите, не им се најсилна страна.

Татковците често влијаат на детето и преку играта, при што ниту самите не се свесни за тоа. Игрите на таткото и детето се често исполнети со возбуда и со неочекувани ситуации. Токму низ таквата игра му помагаат на детето да научи да се справува со емоциите и да научи да го контролира своето однесување. На пример, таткото ќе победи во трката, а детето е луто и сака да го удри, но сепак се воздржува од тоа. Токму низ таква игра, децата најлесно и најбрзо учат кое однесување е прифатливо, а кое не е.

Рецепт за подоцнежен успех во животот

Би можеле да кажеме дека на татковците им ја должиме и самодовербата. Додека мајките се грижат детето да не се повреди, татковците се тука за да го поттикнат да ги тестира своите граници. Сетете се само на едно попладне во паркот. Кој ги поттикнува децата да се искачат на двор или да се вртат уште побрзо на вртелешката: Додека на мајките им се крева косата на глава од помислата како можат да се повредат, татковците уживаат со насмевка од уво до уво.

Сето тоа кај децата го поттикнува натпреварувачкиот дух, самостојноста и желбата за успе, како и подготвеноста да преземат ризик и да научат да се справат со неуспех. Детето можеби ема да може од прв обид да успее да помине преку некоја препрека во паркот, но со поттик и помош од таткото, нема да се откаже, туку ќе истрае сѐ додека не успее, а токму тоа е рецепт за подоцнежните успеси во животот.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]