Мајките на деца со аутизам имаат значително различни нивоа на одредени метаболити во крвта

Истражувачите анализирале примероци од крв од 30 мајки на чии деца им биле дијагностицирани нарушувања на аутистичниот спектар, како и примероци од 29 мајки на деца без нарушување. Во времето кога примероците биле земени од мајките, децата биле на возраст од 2 до 5 години.

0
156

Анализата на примероци од крв покажала две до пет години по породувањето, дека мајките на деца со аутистичен спектар на нарушувања имаат значително различни нивоа на одредени метаболити во споредба со мајките кои добиле деца со нормален развој. Ова е резултат на новата студија неодамна објавена во списанието BMC Pediatrics, во чие спроведување учествувала и клиниката Мејо.

Истражувачите анализирале примероци од крв од 30 мајки на чии деца им биле дијагностицирани нарушувања на аутистичниот спектар, како и примероци од 29 мајки на деца без нарушување. Во времето кога примероците биле земени од мајките, децата биле на возраст од 2 до 5 години.

Истражувачкиот тим открил разлики во нивото на одредени метаболити помеѓу овие две групи мајки. Иако примероците биле земени неколку години по бременоста, ова истражување го покренало и прашањето дали постојат разлики во метаболичките нивоа за време на бременоста, па затоа се отворил простор за нови истражувања во оваа област.

Повеќето од овие разлики биле поврзани со нивото на фолати, витамин Б12 и конјугирани молекули на карнитин. Карнитинот може да се произведува во организмот, но неговиот извор може да биде и месо, како свинско или говедско месо. Од друга страна, не е пронајдена врска помеѓу мајките кои јаделе повеќе месо и оние кои имале високо ниво на карнитин, па затоа не може да се тврди дека поголемата потрошувачка на месо има индиректно влијание врз овие разлики.

Според Јурген Хан, раководител на одделот за биомедицински инженеринг во Ренселер и еден од авторите на оваа студија, резултатите сугерираат дека разликата во нивото на карнитин може да биде поврзана со тоа како карнитинот се „преработува“ во телото на одделни мајки.

„Дефинитивно треба да направиме повеќе истражувања во оваа насока“, вели Хан.

Резултатите од досега објавеното истражување сугерираат дека развојот на крвни тестови ќе помогне да се идентификуваат идните мајки кои имаат поголем ризик да имаат дете со аутизам.

„Овие тестови нема да ни помогнат да откриеме дали детето ќе има аутизам, но ќе знаеме дали постои поголем ризик за тоа“, објаснува Хан.

Врз основа на овие истражувања, истиот тим веќе ја започнал следната фаза, кадешто собираат примероци од крв од идните мајки за време на бременоста, со цел да се утврди дали нивото на метаболити се разликува и за време на бременоста.

Патем, професорот Хан претходно откри одредени обрасци кога станува збор за метаболитите во крвта на децата со аутизам, кои се разликуваат од оние присутни кај децата со нормален развој. Мерењето на овие метаболити може да се искористи за да се предвиди дијагнозата, и тоа доста успешно.

Повеќе информации за истражувањето може да најдете овде.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]