Мајка херој: Го износила бебето до крај за да ги донира неговите органи

Кога била бремена четири месеци, Криста Дејвис и нејзиниот сопруг Дерек дознале нешто шокантно. На нивната неродена ќерка ѝ е дијагностицирана аненцефалија. Станува збор за тешка, вродена малформација заради која фетусот се развива без дел од мозокот. 

0
3701

Во случајот на бебето на оваа брачна двојка, мозокот бил толку слабо развиен што лекарите им понудиле две опции. Криста можела да го роди своето бебе да ги донираат на оние на кои им се потребни.

„Ако веќе јас не можам да си го донесам своето дете дома, одлучив да им дадам прилика на другите да го направат тоа“, изјавила Дејвис за вестите на Channel 9.

Таа го носела бебето уште пет месеци и така му дала време доволно да порасне за да можат неговите органи да се развијат до крај.

Докторите прогнзирале дека бебето ќе живее околу половина час по раѓањето, но тоа успеало да издржи цела недела.

„Не можам да ви опишам какво е тоа неверојато чувство. Мислиш дека ќе имаш само половина час, а добиваш седум дена“, рекла таа.

Во текот на таа недела родителите биле постојано со малечкото девојче на кое му го дале името Рилеи Аркадиа.

„Не и го менувала тоа време за ништо на светот“, напишала Криста на Фејсбук страната посветена на нејзината ќерка.

Рилеи била оперирана, но поради губење на кислородот, биле спасени само дел од органите.

„Рекоа дека срцевите залистоци ќе ги искористат за да спасат други две бебиња, а белите дробови за истражувања за аненцефалија“, додала Криста која е среќна, иако во неизмерна болка, тоа затоа што некоја друга мајка некаде држи во своите раце делче од нејзината ќеркичка.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]