Мајка на петмесечно бебе со коронавирус предупредува: Вака изгледа, останете дома

Емили Вуџер од Велика Британија со својата петмесечна ќерка Амелија поминале три дена во болница. Според лекарите на почетокот симптомите на малото девојче укажувале на водени сипаници.

0
976

Кога нејзиното инаку живо бебе, петмесечната Амелија, почнала само да спие и добила треска, Британката Емили Вуџер повикала брза помош. Тие ѝ рекле дека нема причина да се грижи бидејќи веројатно станува збор за вообичаена детска болест.

Но, до 4 април, на Амелија ѝ било сѐ полошо и отишле во болница. На педијатрија Емили била прегледана и биле направени сите тестови, вклучувајќи и тестирање на коронавирус. На 6 април пристигнал позитивен наод.

„Штом дознавме дека има ковид-19, ни беше кажано дека сме во изолација и дека персоналот доаѓа само доколку е нужно. Ручекот ми го оставаа пред вратата и затропуваа на прозорот од вратата за да проверат дали ми треба нешто“, се потсетува мама Емили.

На 7 април ги отпуштиле од болницата со задолжителна 15-дневна домашна изолација.

„Персоналот беше прекрасен. Чувајте ги своите деца и не ги пуштајте надвор“, порачала Емили преку британските медиуми.

Таа на својот Фејсбук профил објавила фотографии од нејзината ќерка за да им покаже на другите како изгледа коронавирусот и ги предупредила дека е важно да се остане дома.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]