Мајка на момче кое живее како девојче: Од 4 години знаеше дека е во погрешно тело

Иако има само 7 години, момченцето кое некогаш се викало Џејкоб, денеска се вика Алис. Откако неговите родители и официјално му го смениле името, за Алис почнале да употребуваат и заменки во женско лице. Така тој и официјално станал ТАА. Што би направиле вие во ваква ситуација?

0
855

Уште од најрана возраст мајката на малиот Џејкоб почнала да забележува кај него невообичаено однесување, но не му придавала преголемо внимание. Оваа 40-годишна мајка која има уште две деца, како што истакнала за Hull Live, Алис уште од четиригодишна возраст знаела дека е родена во погрешно тело. Но и порано од тоа инсистирала да носи фустани и на сите им зборувала дека кога ќе порасне ќе стане принцеза и ќе живее во дворец. На возраст од три години нејзината мајка одлучила да ѝ ја исполни желбата, ѝ купила фустан и од тој момент ѝ дозволила да живее онака како што сака и како што се чувствува.

Се вртеше во круг од среќа и си го галеше фустанот со рацете, а јас си помислив дека тоа повеќе не смеам да го негирам“, објаснила мајката и додала дека Алис ја користела секоја можност да носи фустан.

Сепак, во училиште морала да оди облечена како момче па набрзо почнала да страда и редовно плачела пред одење во училиште.

Беше несреќна, имаше ниска самодоверба, а во една прилика во училишниот автобус остана да лежи свиткана на подот и плачеше велејќи дека не се чувствува како вистинско суштество“, ги опишала мајката нејзините секојдневно борби.

После тој иницидент Алис е упатена на советување во Службата за ментално здравје на деца и адолесценти.

Мојот мозок е женски, моето срце е женско, а имам тело на момче“, им објаснила еде ден Алис на своите родители, а тие одлучиле дека ќе направат сѐ за нивното дете да порасне среќно.

По разговорот со училиштето, Алис направила социјална транзиција и наскоро почнала да оди на часовите во женска униформа.

Сепак, мајката признава дека и самата често имала дилемио околу тоа дали ја прави вистинската работа.

Мислам дека сакав сето тоа да е само фаза, но го позванам своето дете и знам дека кога ќе изјави нешто за својот пол, тоа не е шега“, раскажала таа.

Во текот на транзицијата има целоцна поддршка од семејството, пријателите, училиштето, но и од црквата.

Мајката признава дека не знае дали Алис ќе сака засекогаш да остане девојче, а размислувањето за потенцијлна операција на полот во иднина прилично ја плаши иако е информирана за тој операциски зафат. Но ќе му се препушти на времето и ќе види што ќе ѝ донесе тоа.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]