Мајка и ќерка станале хит на Инстаграм, облекувајќи се во иста облека

Мајка од Флорида која заработува благодарение на тоа што заедно со својата седумгодишна ќерка, станале Инстаграм ѕвезди, тврди дека иако и нејзината ќерка е инфлуенсерка, таа сепак го претпочита старомодниот начин на одгледување на децата

0
370

Триесетитригодишната Кристи Орвеленд од Флорида и нејзината ќерка Ела редовно ги воодушевуваат своите 100.000 следбеници на Инстаграм. На социјалните мрежи тие привлекле внимание со нивната сличност, но и со усогласени аутфити на кои им посветуваат многу внимание.

If she only understood what I see when I look at her 🌸🤍

Впечатливите очи и русата коса им се заштитен знак, а многумина ги нарекуваат близначки.

The more Ella grows up the more fun it gets! (I didn’t realize this was possible!) 😭 Like getting to do our hair together ✨ I created this beachy & effortless look using @bondiboost’s wave wand 🌸 It’s so quick & easy to use! Head over to my stories to see how I got our waves ✨ #BoostYourRoots #BondiBoost
Пред да стане хит на Инстаграм, Кристи била келнерка, но секогаш сонувала за кариера што ќе ѝ овозможи да работи од дома и да патува, но и да поминува повеќе време со својата ќерка. Покрај тоа, таа вели дека отсекогаш ѝ бил сон да стане претприемач и да биде пример за нејзината ќерка. Затоа таа не го крие своето воодушевување од тоа што благодарение на заработката на Инстаграм можела да даде отказ на работата како келнерка, пишува Дејли меил.

Photo by Christy Orveland 🌸 in Jupiter, Florida with @modernmaven, and @lovekinibeachwear.

„Ова е како сон. Можноста да работам со полно работно време, ни даде подобар живот на мене и на мојата ќерка”, рекла таа, додавајќи: „И двете сме опседнати со модата, па затоа сакаме заедно да испробуваме различни аутфити“.

A daughter is just a little girl that grows up to be your best friend 💗

Инстаграм профилот го започнала кога нејзината ќерка имала три години и многу брзо ги остварила првите соработки со брендовите и нивната банкарска сметка започнала да се полни.

„Мислам дека нашата содржина е успешна затоа што е креативна, автентична и забавна“, вели таа, додавајќи дека всушност најзабавниот дел од сè е она што се случува зад камерата.
It’s the start to a FRESH, new year... & my goal is to fill our home (& bellies) with delicious, healthy blended treats!! 🥥🍓#SponsoredByNinja 🌸 The Ninja® Foodi™ Power Pitcher System Blender is perfect for the kitchen of anyone with a goal to make healthier choices in 2021 ✨ I love how it fits perfectly into my everyday life making snack & meal-making simple, healthy and so much fun for Ella and I 💖
This is Ninja’s best total crushing blender with smartTORQUE™ which is designed to power through heavy loads at high speed without stalling or the need to stir or shake 🤗 The Power Pitcher is a blender, smoothie bowl maker, food processor, and dough mixer, and there’s even a Power Nutri™ Cup for smoothies to-go. Check out Ninjakitchen.com to learn more and to purchase your own! Next ... we are making ice cream!! 🌸🤤🍦@ninjakitchen #NinjaFoodiBlender #NinjaFoodiFamily

Иако Ела сега е исто така успешен мини-инфлуенсер, нејзината мајка вели дека сака да ја заштити од опасностите на социјалните мрежи.

„Сакам да ја заштитам Ела и да ѝ го зачувам детството. Таа има само седум години. Сакам да ја забавувам правејќи некои работи наместо да седи на нејзиниот мобилен телефон и социјалните мрежи. Претпочитам старомоден начин на растење”, тврди оваа мајка.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]