Мајка ги опишала симптомите на коронавирус кај бебе старо само седум недели

Родителите сè уште не знаат како се заразило бебето, но како што истакнала мајката, таа сака да ги предупреди сите дека коронавирусот не мора да ги има исклучиво симптомите за кои постојано се пишува.

0
732

Тони Родис, чиј син Кертис бил позитивен на коронавирус, го споделила нивното искуство. Таа опишала како изгледале симптомите кај бебето кое тогаш имало само седум недели.

Како што открила, таа забележала дека е раздразлив и дека неговиот плач звучел поинаку од вообичаеното. Тој исто така бил многу уморен, а откако во текот на ноќта бил невообичаено мирен, утрото забележа дамки на неговата кожа. Исто така, едното око му било отечено и му солзело, а во исто време кашлал и повремено кивал.

Побарале совет од доктор, а тој заклучил дека момчето има блага треска и дека пулсот му е забрзан. Затоа се посомневал дури и на сепса. Биле задржани во болницата следните 48 часа и на Кертис му бил даден антибиотик, пренесува The Sun.

Бидејќи неговата состојба се подобрила, биле испратени дома и дури по неколку дена дознале дека е позитивен за коронавирус.

„Ни рекоа дека треба да внимаваме и да ги набљудуваме промените на себе. Кен и јас не доживеавме ниту еден од типичните симптоми за кои слушнавме, како што се главоболка, губење мирис, болки во грлото и вратот. Единствено што чувствувавме беше замор”, напишала таа.

Иако тие самите имаат некои од симптомите, нема да бидат тестирани, освен ако не завршат во болница. Сè уште не знаат како се заразило бебето, но како што истакнала, сака да ги предупреди сите дека коронавирусот не мора да ги има исклучиво симптомите за кои постојано се пишува.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]