Мајка ги држи децата на поводник затоа што се плаши да не бидат киднапирани

Што мислите вие за ова, дали е претерано или би го направиле истото?

0
297

Триесетгодишната џема Фримен од Есекс била загрижена од зголемениот број на случаи на киднапирање деца, па затоа решила да стори нешто. За 20 евра на Амазон, купила два поводници кои ги врзала на својата и на рацете на своите деца и се пофалила со ‘уловот’ на социјалните мрежи.

Како што признава 30-годишната мајка, таа не ги пушта тригодишната Џесика и осумгодишниот Захари никаде без овој гаџет.

„Моите деца се мојот свет. Купив два поводници. Тие се пријатни за носење и безбедни. Сакате да ми ги киднапирате децата? Па, добро, ќе мора да се справите со мене. Некои луѓе мислат дека ова е прекумерно и ми испраќаат секакви пораки. Јас им велам, да, свесна сум дека моите деца не се кучиња и да, се грижам нив и не ризикувам кога станува збор за нив“, напишала таа објавувајќи фотографија од поводникот што го врзала за неа и за раката на нејзината ќерка.

Мајката истакнува дека не гледа ништо лошо во овој додаток.

Што мислите вие за ова, дали е претерано или би го направиле истото?

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]