Мајката ја поддржала врската на својата 8-годишна ќерка блогерка со 13-годишен блогер

Украина ја тресе скандал откако полицијата почнала да го истражува случајот со 8-годишната блогерка Милана Мила Маханец, која се забавува со 13-годишно момче, исто така блогер, со благослов на својата мајка Дарја. Што мислите вие за ова?

0
1212

Сѐ повеќе родители заработуваат благодарение на своите деца од кои прават Инстаграм ѕвезди и сите веќе се навикнаа на овој легален и јавен бизнис во кој родителите ги злоупотребуваат сопствените деца. Но деновиве Украина сепак ја потресе скандал откако полицијата започнала да го истражува случајот со 8-годишната блогерка Милана Мила Маханец, која се забавува со 13-годишно момче, исто така блогер, со целосен благослов на својата мајка Дарја.

Имено, малата Мила се најде во центарот на скандалот по објавата дека е во врска со 13-годишниот блогер. Таа има речиси седум милиони следбеници на платформата Likee, која наликува на ТикТок, и е популарна меѓу руската и украинската младина. Од друга страна, уште половина милион луѓе ја следат на Инстаграм.

Ова осумгодишно девојче не само што активно блогира под покровителство на нејзината мајка Дарја, туку работи и како детски модел на бројни модни ревии, пренесува „РТ“.

Неодамна, на Инстаграм, во сега избришана објава, таа открила дека стапила во романтична врска со 13-годишниот блогер Паша Пел од Москва.

„Паша и јас сме сега пар“, напишало девојчето.

И покрај фактот дека целата приказна неодамна го привлекла вниманието на пошироката јавност, се чини дека нивната врска траела веќе некое време. Имено, и двајцата објавиле фотографии на кои се бакнуваат, па дури и спијат во ист кревет.

На една фотографија се гледа како се гушкаат, додека Милана мие заби и тоа само во долна облека. Кога нивните фотографии станале тема на медиумите во Украина и пошироко, повеќето сомнителни фотографии и видеа биле отстранети, оставајќи ги само оние каде момчето и девојчето не се сами или се во нормални ситуации.

Мајката на девојчето, Дарја, објаснила на Инстаграм дека нема проблем со врската на нејзината ќерка и дека тоа е „нивен живот и дека тие самите мора да разберат што и како“. Поради сето ова оваа мајка била мета на напади од бројни критичари и причина за негативни коментари, а некои дури отишле дотаму што бараат властите да ѝ го одземат старателството.

„Мајката на Мила, Дарја има проблеми во главата. Таа го сексуализира своето сопствено дете за пари. Таа не сфаќа дека покрај децата и тинејџерите, огромен број коментари доаѓаат од педофили. Проблемот со детските модели и децата кои учествуваат на натпревари за убавина секогаш биле рак тана на шоу-бизнис индустријата. Детските блогери исто така спаѓаат во таа група”, напишала украинската Герда Вебер, една од најгласните критичари на целиот случај.

Се огласила и адвокатката Гана Малар, тврдејќи дека Дарја ја направила „својата ќерка, осумгодишно девојче, заводлива жена за перверзници“.

Овој скандал го коментирал и украинскиот новинар и поранешен политичар Игор Мосијчук, кој рекол дека целата работа бара „итна интервенција на националната полиција“.

„Сето ова на социјалните мрежи на Мила и Паша е многу близу до детска порнографија и ги привлекува и стимулира педофилите да дејствуваат“, напишал тој на својата Фејсбук страница.

Фото: Инстаграм

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]