Малиот Американец Кертис Менс е најрано роденото бебе во светот (ВИДЕО)

Момче од САД родено во 21-та недела од бременоста и тешко 420 грама е најмалото предвремено родено бебе кое преживеало, објави Би-Би-Си.

0
524

Кертис Менс е роден во Бирмингем, Алабама минатата година. Гинисовата книга на рекорди потврди дека Кертис, кој сега има 16 месеци и добро напредува, поставил нов рекорд. Со оглед на природното времетраење на бременоста од 40 недели, храбриот Кертис е роден 19 недели порано.
Ова момче од САД било родено со 420 грама и е најмалото предвремено родено бебе на светот кое преживеало, објави Би-Би-Си.
Неговата мајка Мишел Батлер добила породилни болки и итно била пренесена во болница на 4 јули 2020 година, додека огнометот на Денот на независноста го исполнувал ноќното небо. Мишел следниот ден ги родила близнаците Кертис и Си Ејси.

Едното бебе починало еден ден подоцна. Болницата вели дека обично им нуди на родителите грижа полна со сочувство во такви ситуации, дозволувајќи им да ги држат своите мали бебиња во она малку време што им останува заедно.

Но, со помалку од еден процент шанси за преживување, Кертис се одржал во живот, останувајќи на интензивна нега. По три месеци, тој бил отстранет од респираторот и бил отпуштен од болница во април 2021 година, по 275 дена во болница.

Експертите морале да му помогнат да научи да дише и да ја користи устата за да јаде.
Г-ѓа Батлер од руралната Еутава, Алабама, во изјавата вели: „Фактот што имав можност да го одведам Кертис дома и да ги изненадам моите постари деца со нивниот помал брат е момент кој секогаш ќе го паметам“.

На Кертис, кој има три постари браќа и сестри, сè уште му треба дополнителен кислород и цевка за хранење, но лекарите велат дека тој е во добра здравствена состојба.

Др. Брајан Симс, неонатолог од Универзитетот во Алабама во Бирмингем, кој го надгледувал раѓањето, изјавил за Гинисовата книга на рекорди: „Ова го правам речиси 20 години, но никогаш не сум видел толку мало бебе како него. Имаше нешто посебно во тоа со Кертис.

Кертис го собори претходниот рекорд за 24 часа кое го држеше бебето Ричард Хачинсон од Висконсин, родено само еден месец порано. Пред Ричард, рекордот не бил соборен цели 34 години и го држело момче родено во Отава, Канада во 21 недела и пет дена од бременоста.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]