Лекарка апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца

Една мајка објавила на Фејсбук силна порака за важноста на вакцинирањето

0
303

Сани Мариа објавилана Фејсбук фотографија од плакатот од чекалната на својата докторка др.Рејчел Хаип, која се за тоа родителите да ги вакцинираат своите деца.

„Вашите деца заради невакцинирање цел живот се подложни на болести.

Кога вашата ќерка ќе добие рубеола во бременост, како ќе ѝ објасните дека сте ја изложиле на ризик?

Што ќе ѝ кажете кога ќе ви се јави и ќе ви каже дека има рак на грлото од матката затоа што сте одлучиле да не ја вакцинирате против HPV?

Што ќе му кажете на синот кога ќе ви каже дека не може да има деца поради заушките кои ги добил како тинејџер?

И што ќе кажете кога ќе ѝ пренесе грип на својата баба? Како ќе ѝ објасните дека нема да се врати дома. Никогаш.

Дали ќе им кажете дека не мислевте дека се тоа сериозни болести? Дека сте мислеле дека органската храна е доволна за да ги заштити?

Дали ќе кажете „извини“?

Др. Хаип вели дека веќе десет години лекува пациенти од болести кои можат да се превенираат со вакцина.

„Ме прогонуваат духовте на луѓето за кои се грижев. Тоа се пациенти кои починаа од болести кои можат да се спречат со вакцинирање, како грип, варичела, рак на грлото од матката, хепатитис, менингокок и други“, открила др.Хаип.

„Имав случаи на 28-годишници и бебиња кои починаа од кашлица. Како да не се борам? Не сум платена за тоа. Луѓето кои се залагаат за вакцинирање, не трошат време, жестоки сме во желбата да ги заштитиме ранливите”, додала таа.

Оваа лекарка извесно време работела во руралните делови на Австралија, што за неа било интересно, но и загрижувачко искуство.

„Видов трагедии од кои се крши срцето. Видов физички болки и страдање и невозможна тага. Тоа остава лузни“, опишала таа.

Тогаш, вели, било доцна и не можела да стори многу.

„Одлучив да се борам да го зголемиме процентот на вакцинираноста затоа што не можам да живеам без да се обидам да помогнам. Мојот пристап е да им помогнам на луѓето да сфатат зошто болестите кои можат да се спречат со вакцинирање е најбезбеден и најделотворен начин сите да не заштити“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]