Кој е родител во вашиот однос – вие или вашето дете?

Пред некој ден стоев во продавница и една тинејџерка очигледно го водеше главниот збор. Недвосмислено ѝ зборуваше на својата очигледно изморена мајка што точно да купи и што ќе прават кога ќе излезат од продавницата. И знаете што? Мајката ја слушаше!

0
220

Тоа е планина и на неа мора да се искачите што е можно порано во животот на вашето дете. Дали тоа значи дека имате надмоќ над детето? Дали да постапувате како авторитарна личност која му наредува на своето дете? Некој кој покажува став „Јас сум подобар од тебе“? Секако дека не. Не сме подобри од нашите деца, само имаме различни одговорности. А една од нив е да бидеме родители. Ние треба да одлучуваме што е најдобро за детето – за семејството.

Што се случува наместо тоа? Детето станува одлучувачки фактор само затоа што цимоли, се жали, плаче и вреска. Или можеби управува такашто е тивко и срамежливо и ништо не зборува, и така го доведува родителот во положба постојано да го поттикнува. Да кажеме дека е родителот загрижен за јазичкиот развој на својата тригодишна ќерка. Ако вашето моќно дете дознае за тоа, само ќе замолчи и нема повеќе да зборува. Многу брзо ќе почне само со движења да го бара од луѓето она што го сака – и сите ќе се чувствуваат лошо и ќе бидат загрижени заради неа и ќе направат се да ѝ помогнат.

Како се развива помоќното однесување? Не паѓа од небо. Кога држам предавање за игрите на моќ на семинарите и некој ми вели: „Докторе Леман, имам исклучително моќна ќеркичка“, мојот прв одговор на тој родител е: „Кој од вас двајца е помоќен, вие или вашата жена?“

Децата од некого го учат ова однесување, некој им е пример. Тоа значи дека родителите треба да бидат многу внимателни кога покажуваат осуетеност.

Ако се вплеткате во борба за превласт со вашето дете, осудени сте да изгубите. Детето може да издржи многу подолго од вас; усмерено е само на таа една работа што ја сака, додека вие морате да мислите на многу нешта. Секој пат ќе му попуштите, само за да завршите со таа борба. И детето победува.

Ако детето се обиде да ве вовлече во борба за превласт, едноставно решение е: не се впуштајте. Не дозволувајте да ве намами. Не наседнувајте. Наместо тоа смирено почнете да создавате правила – без најава, без закани. Ако ќерката одлучно ви каже: „Не сакам да одам“, оставете ја дома. Но кога ќе сака да оди кај другарката, нема да ја однесете. Ако ви каже: „Нема да пишувам домашно!“, нека биде така. Но наредниот ден напишете ѝ порака на учителката:

Елизабет синоќа одби да напише домашно. Ве молам, ќе можете ли да ѝ дадете единица за таа домашна што и да направите се што треба за да ја поттикнете во иднина да ја сработи? Многу ви благодарам.

Важно е децата да научат да бидат одговорни за своето однесување. „Не сакам“ и мрзеливоста не се изговори. Дали е тешко да се направи тоа како родител? Секако. Полесно е едноставно да ги одведете таму кадешто сакаат на неколку часа и да го направите домашното наместо нив. Но што го учите со тоа на подолги стази? Дека ако нешто не направат само вие ќе го сторите тоа место нив.

Се враќаме на ова: дали вие водите домаќинство или хотел? Ако е хотел, тогаш сте вие најверојатно послуга. Зарем така сакате да живеете?

Време е да бидете цврсти. Децата мораат да сфатат дека се откриени. Ако не го прават тоа што треба, ќе имаат последици заради таквото однесување.

 

Др Кевин Леман, „Воспитано дете за 5 дена“

[better-ads type='banner' banner='999' ]