Компирко веќе нема да биде господин, ќе биде само компир

Родово неутралната преобразба го зафати и анимираниот и светот на играчките. Популарната играчка Mr. Potato Head, престанува да биде машко. Да му е страв на човек да помисли што ќе се случува со Барби и со Кен! Што мислите вие за сето ова?

0
231

Родово неутралната трансформација влијаеше и на анимираниот свет. Имено, популарниот анимиран лик Mr. Potato Head го менува сопствениот имиџ и „се прилагодува на современите потрошувачи“, објави компанијата „Хасбро“.

Иако популарната играчка беше претставена пред повеќе од 70 години, од оваа година на амбалажата ќе смее да пишува само „Potato Head“. Тоа е, играчката го губи од своето име препознатливото „Mr.“ за да стане родово неутрална.

„Официјалното отстранување на „Mr.“ од името и логото од страна на Хасбро гарантира дека сите ќе се чувствуваат добредојдени во светот на „Potato Head“, изјавија портпаролите на компанијата, додавајќи дека тоа го прават „за да се поттикне родовата еднаквост и вклученост“.

Ребрендираната играчка, која ќе може да се состави од низа различни делови на тело и облека, ќе биде претставена оваа есен, објави Хасбро.

Кутриот господин Компирко, веројатно ќе му летнат и мустаќите. Да му е страв на човек да помисли што ќе се случува со Барби и со Кен!

Да потсетиме, Mr. Potato Head беше еден од главните ликови во Приказната за играчките, анимираниот филмски серијал во продукција на Пиксар, а во издание на Волт Дизни Пикчрс, пишува Би-Би-Си.

Додека поединци ја поздравуваат оваа одлука и се согласуваат дека „културата еволуирала“, други сметаат дека ваквите одлуки се претерани и непотребни.

„Барби треба да се преименува во нешто полово неутрално. Ова е императив”, напишал конзервативниот американски коментатор Бен Шапиро во очигледно саркастичниот твит.

Што мислите вие за сето ова?

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]