Колку помалку играчки имаат децата, толку повеќе играат

Пред две децении, германски проект наречен „Градинка без играчки“ сакаше да провери што ќе се случи ако на децата им бидат одземени играчките. Играчките од сите училници во градинката биле отстранети на три месеци. Што се случило потоа?

0
187

Велат дека колку помалку играчки има едно дете, толку повеќе си игра. Се чини дека се во право. Ајде да видиме зошто.

Пред две децении, германски проект наречен „Градинка без играчки“ сакаше да провери што ќе се случи ако на децата им бидат одземени играчките. Играчките од сите училници во градинката биле отстранети на три месеци.
Една од воспитувачките, Гизела Марти, рекла: „Во овие три месеци, ние им нудиме на децата простор и време да се запознаат. Бидејќи немаат играчки или инструкции од воспитачките, децата мора сами да смислат начин како да го поминат денот.

Цел била негувањето на самодовербата, имагинацијата, креативноста, способноста за решавање проблеми и социјализацијата.

Нивните денови биле намерно неиспланирани за да се избегне трчање од една на друга активност. Наместо тоа, тие биле слободни да прават што сакаат на начин на кој сакаат.

Секој ден се правела слика од децата. На првиот ден, децата биле збунети и им било здодевно додека бесцелно талкале по празната училница.

Сепак, веќе вториот ден децата си играле со столици и ќебиња, правеле засолништа со поставување ќебиња над масите и ја зацврстувале конструкцијата со помош на патики.

Наскоро тие биле растрчани низ просторијата, разговарале и возбудено се смееле. До крајот на третиот месец, сите биле ангажирани во креативна игра, способни подобро да се концентрираат и поефикасно да комуницираат едни со други.

Фази на откривање на играчки: истражување и игра

Кети Силва, професорка по едукативна психологија на универзитетот Оксфорд, после проучувањето на повеќе од 3.000 деца на возраст меѓу 3 и 5 години, заклучила дека „Кога децата имаат голем број играчки, доаѓа до одвлекување на вниманието, а кога децата се попречени, тие не учат ниту си играат како што треба“. Нејзиното истражување покажало дека децата кои си играат со помалку играчки и чии родители поминуваат повеќе време читајќи, пеејќи или играјќи си со нив, ги надминуваат децата на побогатите родители.

Д-р Џон Ричер, педијатриски психолог во болницата Џон Редклиф во Оксфорд, објаснува дека кога децата добиваат нова играчка, тие минуваат низ две фази: истражување и игра.

 

За време на фазата на истражување, детето се прашува: „Што прави оваа играчка?“

За време на фазата на играње, детето се прашува: „Што можам да направам со оваа играчка?“

Токму во фазата на игра се развиваат креативноста, имагинацијата, иницијативата и прилагодливоста. Кога се соочуваат со премногу играчки, децата поминуваат повеќе време во истражување и помалку време во играње.

Иронично, се чини дека обезбедувајќи им на децата помалку играчки, ние всушност им обезбедуваме повеќе време за играње.

Потенцијалното влијание на преголемиот број играчки

Клер Лернер, психотерапевт и директор на Родителските ресурси од нула до три години, е специјализирана за ран детски развој. Клер започнала студија која ги разгледувала потенцијалните ефекти од прекумерната количина на играчки и заклучила дека „Децата стануваат преоптоварени и премногу стимулирани и не можат да се концентрираат на една работа доволно долго за да научат нешто. Тие не играат имагинативно “.

Клиничкиот психолог Кристофер Вилард не потсетува дека повторувањето има цел – читање на истите книги, пеење на истите песни, играње на истите игри … Повторувањето го засилува учењето и го забрзува когнитивниот развој. На крајот на краиштата, играта е работа на детството.

Помалку играчки, од друга страна, им помагаат на децата да ја користат и развијат својата фантазија, да го продолжат опсегот на вниманието и повеќе да ги ценат играчките што ги имаат. Помалку играчки резултира во помалку неред во куќата, што ни дава повеќе време да играме со децата.

Кој вид играчки овозможуваат повеќе игра

Ако нашето дете има помалку играчки, ние сакаме да бидеме сигурни дека тие играчки ќе овозможат што е можно поквалитетна игра. Кога проценувате играчка, запомнете дека тоа е играта во детето, а не во играчката. Ако некоја играчка светка или прави звуци, а сѐ што детето треба да направи е да притисне копче, таа играчка има мала вредност за играњето. Овој вид играчки обезбедува бран на допамин и задоволство за бебето, но тоа трае кратко време. Од друга страна, играчките како што се дрвени коцки, магнетни плочки или свилени марами не ја диктираат играта на детето – тие имаат поголема вредност за играње затоа што детето ја користи својата фантазија.

Друг начин да изберете играчки е да одредите дали играчките се отворени или затворени. Играчките од затворен тип обично имаат една цел, додека отворените играчки можат да се користат на различни начини. На пример, коцки со повеќе бои може да се користат за изградба на замок, мост или за броење, редење и балансирање. Отворените играчки ја будат имагинацијата на детето. Некои играчки со затворен тип исто така можат да бидат одлични. Пример за тоа се сложувалките и играчки за сортирање форми. Односот на играчките од отворен и затворен тип би требало да биде од 75% до 25%.

Ајде да се обидеме заедно да поедноставиме

Голема иронија е што се чини дека е потешко за модерните родители да имаат помалку играчки во домовите отколку повеќе. На помалку играчки, растоварување на распоредот, намалување на времето пред екраните и генерално поедноставување на нивните животи не се гледа поволно во општеството „повеќе е подобро“. Тешко е да се плива против текот, но вреди да се потрудите.

Кога ќе им кажеме не на новите играчки, ние всушност им кажуваме да на нови суштински лекции за живот. Ние им даваме на нашите деца можност да можат да научат да го ценат тоа што навистина го имаат. И, ние ги учиме дека не мора да имаат материјални работи што ќе им донесат привремена среќа или безбедност.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]